Проданоски: Преку културни содржини ја чуваме легендата за Крал Марко

May 11, 2026
1 min read

Во духот на традицијата, историјата и културното наследство, Општина Прилеп и оваа година ја организира манифестацијата „Денови на Крали Марко“, посветена на легендарниот јунак Крал Марко, симбол на храброста, правдата и непокорот.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека преку оваа манифестација се негуваат вредностите и се оживува богатата легенда која е длабоко вкоренета во идентитетот на градот.

„Преку повеќе едукативни работилници, културни и забавни содржини, градот под Марковите Кули уште еднаш ќе ја оживее богатата легенда и духот на еден од најпрепознатливите симболи на Прилеп. Ги покануваме сите граѓани и посетители да бидат дел од оваа традиционална манифестација и заедно да ги славиме историјата, културата и препознатливоста на нашиот Прилеп“, порача Проданоски.

Манифестацијата „Денови на Крали Марко“ и оваа година ќе понуди разновидни активности, со кои ќе се доближи легендата за Крал Марко до најмладите генерации, но и до сите љубители на историјата и културата.

Со овој настан, Прилеп уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон зачувување и промоција на културното наследство и традицијата што го прават градот препознатлив.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КИЦ со јавен повик за новото издание на БИТ ФЕСТ

Следно

Filipçe: Mucunski, në emër të shefit të bandës, bëri bujë në Bruksel dhe akuzoi BE-në se nuk i zbaton reformat

Latest from Blog

Коњановски: Создаваме современи услови за спорт за сите ученици во Битола

Во завршна фаза е реконструкцијата на спортските игралишта во рамките на подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата Горно Оризари, каде што се обновуваат два спортски терени – ракометно игралиште, кое ќе се

Николоски: Свлечиштата повеќе нема да бидат закана за автопатот Охрид-Кичево

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево силно напредува, а проектот се очекува да биде завршен кон крајот на 2026 година, согласно предвидената динамика, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој
Go toTop