Продaноски: Поддршка за предвремено родените деца – заедничка акција на граѓаните и Унијата на жени

November 17, 2025
1 min read

Денес, по повод Светскиот ден на предвремено родените деца, на неонатолошкото одделение при Општата болница Прилеп беше дониран пациент-монитор, апарат од голема важност за следење на виталните параметри на најмалите пациенти, особено при нивен транспорт.

Донацијата е резултат на хуманитарната иницијатива на Унијата на жени на ВМРО–ДПМНЕ Прилеп, поддржана од граѓани и други организации кои се приклучија кон акцијата.

„Во име на Општина Прилеп, изразувам искрена благодарност до Унијата на жени, до сите компании и граѓани кои помогнаа оваа иницијатива да добие вистински хуманитарен карактер. Голема благодарност и до медицинскиот персонал од неонатолошкото одделение, кои со својата стручност и посветеност секојдневно се борат за здравиот почеток на најранливите“, истакна градоначалникот Дејан Продaноски.

Продaноски посебно го истакна придонесот на мајките кои четири години ја одржуваат оваа акција и инспирираат многумина. Тој нагласи дека Општина Прилеп ќе продолжи да поддржува вакви иницијативи и ќе вложува во подобрување на условите за предвремено родените деца и во унапредување на демографската слика на општината.

„Како човек и како градоначалник, уверувам дека унапредувањето на животните услови за децата ќе остане наш приоритет“, додаде Продaноски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Трамп инвестирал најмалку 82 милиони долари во обврзници, фокусиран на секторите што ги претпочита

Следно

Муртезани: Европската интеграција бара континуитет, зрелост и јасна политичка волја

Latest from Blog

ПРОДОЛЖУВА ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА ДИЈАЛОГОТ МЕЃУ ПОЛИЦИЈАТА, ОПШТИНАТА И РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО БИТОЛА

Во рамките на двегодишната иницијатива на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во Битола се одржа нова средба за унапредување на дијалогот и соработката меѓу полицијата, општинските власти и ромската заедница. Настанот беше

Халанд: Манчини почна да ме напаѓа и да ме допира по задникот! Му благодарам многу!

Фото:facebook.com/fotballandslaget Италијанската фудбалска репрезентација претрпе тежок удар на Сан Сиро губејќи со 4-1 од Норвешка во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. И покрај тоа што водеше на полувреме, Италијанците се распаднаа во

Стартува целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес официјално го означи почетокот на целосната реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ (Црвена Вода 7) во општина Аеродром. Заедно со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, и новиот
Go toTop