При превртување на автобус во Туркије загинаа девет лица, 30 се повредени

January 16, 2024
1 min read

МЕРСИН (АА) – Девет лица загинаа, а 30 се повредени, од кои 13 потешко, денес во областа Ајдинџик во јужната турска област Мерсин, јавува Анадолу.

Меѓуградскиот патнички автобус, кој се движел кон југоисточната област Мардин од Мармарис во Западна Мугла, удрил во банкината на излезот од тунелот Саријар во областа Јеникаш и се превртил.

По несреќата, на местото на настанот веднаш се пратени екипи на итна помош, како и екипи за пребарување и спасување и противпожарна бригада.

Со возила на брза помош повредените се пренесени во болниците.

Подоцна гувернерот на Мерсин, Али Хамза Пехливан, изјави дека несреќата се случила околу 01:15 часот по локално време, на релација Мерсин-Анталија.

„Посакувам божја милост за нашите загинати граѓани и сочувство до нивните семејства. Посакувам брзо закрепнување на нашите повредени граѓани“, рече гувернерот.

Пехливан, исто така, за Анадолу изјави дека 13 од повредените се во тешка состојба.

Наведувајќи дека истрагата за несреќата продолжува, гувернерот рече дека возачот „изгубил контрола на излезот од тунелот поради поројните дождови и влажниот коловоз“, додавајќи дека јавен обвинител ја истражува несреќата.

Тој додаде дека сообраќајот меѓу Анталија и Мерсин е отворен во двата правца.

Несреќата ја снимиле камерите на автопатот. На видеото се гледа како автобусот со голема брзина влегува во кривина, удира во банкината и паѓа во каналот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес од 4,8 степени според Рихтеровата скала регистриран во близина на Пелопонез

Следно

Фрлена бомба во Косовска Митровица, во експлозијата повредени две лица

Latest from Blog

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата.

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети општина Неготино, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој

Омерагиќ најави револуција: Македонскиот фудбал влегува во нова ера

Денес се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое беа усвоени клучни одлуки за иднината на македонскиот фудбал. Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ, истакна дека е донесен нов

Меџити: Со ВЛЕН завршува политиката на поделби

За првпат во историјата на мултипартиската Македонија, Албанците од различни политички провиниенции, од десница и левица, млади и искусни, се обединуваат во заеднички политички фронт, ВЛЕН. Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир
Go toTop