Фрлена бомба во Косовска Митровица, во експлозијата повредени две лица

January 16, 2024
1 min read

Две лица се повредени во Косовска  Митровица откако експлозивна направа, најверојатно рачна бомба, била фрлена во близина на еден од угостителските објекти, на раскрсницата кај Техничкиот факултет.

Информацијата за КоССев ја потврди заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани.

– Вечерва околу 23 часот и 50 минути во близина на хотелот „Бишевац“, на улицата „Књаза Милоша“ во Северна Митровица експлодирала сомнителна рачна бомба. Од експлозијата се оштетени седум возила, а две лица се повредени. Едно лице е со тешки телесни повреди, но е надвор од животна опасност. Надлежни полициски единици се на лице место и се занимаваат со случајот“, вели Ељшани.

Бојан Вучиниќ, лекар во КБЦ Косовска  Митровица, изјави дека околу полноќ бил примен маж со повеќе повреди предизвикани од експлозивна направа, а Косово онлајн пренесува дека пред болницата има припадници на косовската полиција.

Припадници на ЕУЛЕКС и КФОР биле на лице место, а истрагата е во тек, јавува Н1.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

При превртување на автобус во Туркије загинаа девет лица, 30 се повредени

Следно

Слаб снег на Шапка и во Маврово, магла во Крушево

Latest from Blog

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува
Go toTop