Престанувањето со пушење го забавува губењето меморија и подоцна во животот

October 14, 2025
1 min read

Престанувањето со пушење, дури и во подоцнежниот живот, може да помогне во забавувањето на проблемите со мозокот и помнењето поврзани со возраста, покажа ново истражување. Според научниците, наодите се дополнителни докази дека откажувањето од цигари може да помогне во спречувањето деменција, но нагласуваат и дека се потребни повеќе истражувања. Написот е објавен во списанието „Лансет хелти лонгивити“ (Lancet Healthy Longevity).

Тим од британскиот Универзитетски колеџ во Лондон проучи податоци од 9.436 лица на возраст од 40 години и повеќе, од 12 земји. Половина се откажале од пушење, додека половина продолжиле. Според истражувачите, „врската меѓу пушењето и когнитивното здравје е добро воспоставена“, но долгорочните придобивки од откажувањето се не толку јасни. Анализата на тестовите што ја мереа меморијата и течното говорење покажа дека тие параметри кај луѓето кои се откажале од цигари се намалиле побавно во шесте години откако се откажале. Кај пушачите кои се откажале, стапката на опаѓање била околу 20 насто побавна за меморијата и 50 отсто побавна за говорот, пренесува д-р Микаела Блумберг од Институтот за епидемиологија и здравствена заштита при Универзитетскиот колеџ.

– Нашето испитување посочува дека откажувањето од пушење може да им помогне на луѓето да одржат подобро умствено здравје на долг рок, дури и кога сме во 50-тите години или постари. Веќе знаеме дека откажувањето од пушење – дури и подоцна во животот, често е проследено со подобрувања во физичкото здравје и благосостојбата. Се чини, и за нашето когнитивно здравје никогаш не е предоцна да се откажеме (од цигарите). Ова откритие е особено важно затоа што пушачите на средна и постара возраст имаат помала веројатност да се обидат да се откажат, отколку помладите групи, но сепак, тие непропорционално ги доживуваат штетите од пушењето, појасни Блумберг.

Нејзиниот колега, проф. Ендрју Стептоу, се согласува дека побавниот когнитивен пад е поврзан со помала опасност од деменција.

– Овие наоди се дополнителни докази за тоа дека откажувањето од пушење може да биде превентивна стратегија за болеста. Сепак, ќе бидат потребни и натамошни истражувања што конкретно ја испитуваат деменцијата за да се потврди ова, изјави тој.

Според последните проценки, во Велика Британија, околу 11,9 отсто – т.е. шест милиони од луѓето на 18 години или повеќе, пушат цигари. Д-р Џулија Дадли, раководител на истражувањето во Британската фондација за истражување на Алцхајмеровата болест (Alzheimer’s Research UK), рече:

– Пушењето е поврзано со повеќе сериозни здравствени состојби, меѓу коишто и рак, срцеви заболувања и деменција, особено Алцхајмерова болест и васкуларна деменција. Прекинувањето од пушење може значително да ја намали опасноста од развој на овие болести. Бидејќи ова е опсервациски научен труд, ова само укажува на врската меѓу когнитивниот пад и откажувањето од пушење… Следењето други мерки на работата на мозокот, како што е решавањето проблеми, исто така, би дало поголема слика за придобивките од откажувањето од пушење, изјави докторката

Ова, според научниците, е дополнителен импулс на потребата да им се помогне на што е можно повеќе луѓе, на која било возраст, целосно да се откажат од пушењето.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Со ЛАЖНИ ВЕСТИ против Ѓорѓиевски: Медиумите на СДСМ орно се вклучија во „борбата за својот дом“ или ХАЦИЕНДИТЕ

Следно

Тоневски: Ќе го реконструираме поранешниот интернат и ќе го претвориме во дом за пензионери

Latest from Blog

Последните предупредувања на Хокинг до човештвото ако сака да преживее

Познатиот теоретски физичар и космолог, професорот Стивен Хокинг (1942-2018), постојано предупредувал во текот на својот живот за тоа што би можело да го доведе човештвото на работ на опстанок. На самитот Tencent

Неверојатно: Ги имаат Исак и Ѓокереш во нападот а во квалификациите освоиле само еден бод!

ФОТО: Svensk fotboll/FB Ако Македонија и Косово се најголем хит во квалификациите за пласман на СП 2026, тогаш јасно е дека Шведска е убедливо најголемото разочарување. Инаку вчера Швеѓаните беа поразени од

Проданоски: Населбата „Градина“ ќе создаде нови можности за прилепчани

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, ја претстави својата визија за развој на градот, со акцент на создавање на достоинствен и современ живот за сите граѓани. Еден од клучните проекти

Ѓорѓиевски: Пензионерите, лицата со попреченост и социјално загрозените ќе добијат целосна поддршка

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за главниот град како место што се грижи за сите граѓани, без разлика на возраст, здравствена состојба или социјален статус.
Go toTop