Премиерот Мицкоски оствари средба со српскиот премиер Мацут

October 3, 2025
1 min read

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес во Владата оствари средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во официјална посета на нашата земја.

Двајцата премиери разговарале за унапредување на билатералните односи, економската соработка и инфраструктурното поврзување. Акцент беше ставен и на трговската размена, заедничките енергетски проекти и олеснувањето на движењето на луѓе и стоки.

Мицкоски истакнал дека Србија е искрен партнер и пријател, со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан. Премиерот Мацут изрази поддршка за реформските процеси во државата и нагласи дека Белград и Скопје ќе продолжат да соработуваат на заеднички проекти кои се во интерес на граѓаните на двете земји. Двете страни се согласија дека продлабочувањето на пријателските врски меѓу двете држави претставува значаен придонес за регионалната стабилност и европската перспектива на Западен Балкан.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Омерагиќ со нова улога во УЕФА за инфраструктурни и едукативни проекти

Следно

Што е потребно за среќа? Со овие ситници ЌЕ ГО КУПИТЕ секој хороскопски знак

Latest from Blog

Коњановски најавува современо и безбедно уредување на реката Драгор

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, претстави една од најзначајните заложби за следниот мандат – уредување на коритото на реката Драгор, симбол на градот и неговата историја. „Сега е време

Англичаните го објавија списокот: Тухел ги „откачи“ Фоден, Белингем и Грилиш

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Томас Тухел, не ги повика Фил Фоден, Џек Грилиш и Џуд Белингем за претстојните квалификациски дуели со Летонија и пријателскиот меч со Велс овој месец. Има голем

Омерагиќ со нова улога во УЕФА за инфраструктурни и едукативни проекти

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, доби голема чест и одговорност со неговото именување за член на HatTrick комисијата на УЕФА, едно од клучните тела во европскиот фудбал. Комисијата
Go toTop