Премиера на „Дон Жуан“ во режија на Андреј Цветановски во театарот во Вршац

March 7, 2023
1 min read

Најновата премиера на режисерот Андреј Цветановски беше изведена во Вршац, во театарот „Стерија“. Се работи за претставата „Дон Жуан“ на Молиер со која премиера театарот во Вршац го одбележа и својот 78- ми роденден, за што Цветановски изрази големо задоволство од соработката.

ВД. директорката на театарот Снежана Удички за претставата истакна дека ќе ги надмине очекувањата на театарската публика во Вршац и пошироко во сите домени, нагласувајќи дека „амбициите во моментов се насочени кон тоа овој театар да стане еден од најдобрите со овој вид во земјата но и пошироко“

Оваа претстава доаѓа на сцената на Народниот театар „Стерија“ преку интерпретацијата на македонскиот режисер Андреј Цветановски, во чиј опус доминира класичната светска драматургија, како и делата на македонските автори, со режисерска естетика која е визуелна и со намерата да се создаде ново читање на класичната приказна. Во оваа интерпретација на исконското дело, режисерот се движеше по линијата на човечката страна на Дон Жуан, барајќи го потеклото на неговата природа.

„Преку амалгамот на слики и авантури и во контраст со неговиот верен слуга Зганарел и се што е во главата на главниот лик, добиваме трагикомедија на ликот и дејствијата на Дон Жуан“, посочува Цветановски, кој беше следен во режисерската идеја од Сергеј Светозарев, сценографот, музиката е на Димитар Андоновски, Софија Лучиќ е костимограф.

Улогата на Дон Жуан му беше доверена на младиот актер Милош Ѓуровиќ, додека гостинот Милош Лазиќ, добитник на наградата за актерство на Стерија,  ја толкува улогата на слугата на Дон Жуан, Зганарело. Сопругата на Дон Жуан, Елвира,  ја толкува актерката Јована Божиќ од Вршац, а селанките од бескрајниот ред на заведени и измамени жени, Матурина и Шарлот, ги играат Вања Радошевиќ и Марија Пантин/Јована Андрејевиќ-Грујиќ. Предраг Грујиќ ја толкува улогата на селанецот Пјеро и братот на Елвира, Дон Карлос, додека Срѓан Радивојевиќ  ја игра улогата на таткото на Дон Жуан, Дон Луи. Иван Ѓорѓевиќ  ја игра улогата на Дон Алонсо, другиот брат на Елвира и трговец Диманш.

По премиерата беа доделени годишните награди на најистакнатите работници на Народниот театар „Стерија“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тен Хаг им се закани на играчите на Манчестер јунајтед со префрлање во резервниот тим

Следно

Емпаер стејт билдинг во Њујорк е осветлен во црвено-бели бои за жртвите од земјотресот

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop