Прекината истрагата против Додик, Стевандиќ и Вишковиќ за напад врз уставниот поредок на БИХ

November 4, 2025
1 min read

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) ја прекина истрагата за напад врз уставниот поредок против поранешниот претседател на Република Српска  Милорад Додик, претседателот на Народното собрание, Ненад Стевандиќ, и поранешниот премиер, Радован Вишковиќ, објавија сараевските медиуми и Радио-телевизијата на РС-  РТРС, наведувајќи дека оваа информација неофицијално им е потврдена од Обвинителството на БиХ.

Истрагата против нив беше отворена во декември минатата година, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „напад врз уставниот поредок на Босна и Херцеговина“, со донесување закони во Народното собрание на Република Босна и Херцеговина со кои, на територијата на тој ентитет на БиХ, се забранува работата на Судот и Обвинителството на БиХ, Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), како и Високиот судски и обвинителски совет на БиХ (ВСО).

Уставниот суд на Босна и Херцеговина ги поништи сите овие закони, а потоа Народното собрание на РС ги повлече како дел од таканаречениот план за „деескалација на кризата“ во БиХ, што владата на РС го договори со американската администрација.

Резултатот од одлуката на Народното собрание да ги повлече овие закони, како и законите за неизвршување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и на Високиот претставник на меѓународната заедница на територијата на РС, поради кои Додик беше законски осуден пред Судот на Босна и Херцеговина, е укинување на американските санкции против Милорад Додик, членовите на неговото семејство, најблиските соработници и блиските компании.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Жижовиќ се пожалил за време на ручекот пред мечот: „Никој не го сфати сериозно“

Следно

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Latest from Blog

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во
Go toTop