Предвремените повторно во игра? Филипче вели СДСМ е подготвен, Османи смета дека се потребни

April 25, 2025
1 min read

СДСМ е подготвена за предвремени парламентарни избори, вели претседателот на партијата Венко Филипче, но не открива дали тие како опозиција ќе бараат нивно одржување заедно со локалните избори. Според него состојбата во владината коалиција особено со потресот во ВРЕДИ Владата е нестабилна и поради тоа многу се веројатни предвремени избори.

-Навистина коалицијата е нестабилна и не функционира добро и во различен временски период прилично краток дијаметрално спротивни ставови во однос на тоа дали ќе има или ќе нема предвремени избори што го ставам во контекст на односите во рамките на коалицијата дека не функционира таа коалиција. Како ќе се одвиваат тие работи во коалицијата ќе видиме, тоа е нивна работа, меѓутоа јас сум спремен да разговарам со апсолутно било која политичка партија, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.

За предвремени избори на конференција во Љубљана, говореше и екс министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ Бујар Османи во контекст на евроинтегративниот процес.

-Доколку Северна Македонија годинава одржи предвремени парламентарни избори, тогаш ќе го отвориме нашиот прв четиригодишен реформски прозорец кон Европската Унија во последните две децении, изјави Бујар Османи потпретседател на ДУИ.

Вчера пак премиерот Мицкоски на седницата за пратенички прашања не беше прецизен дали планира со локалните да има и предвремени парламентарни избори. Одговарајќи на пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески рече дека ќе ја прифати одговорноста за трагедијата во Кочани откако ќе ги решат работите и со случаите на модуларната болница, Ласкарци и Беса транс и дека тогаш од народот ќе ја побараат довербата.

-Се ќе решиме сега. Е откако ќе го решиме тогаш ќе побараме пред народот доверба да видиме дали ја заслужуваме ние или можеби вие или некој трет, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Во однос на подготовките на локалните избори, Филипче пак истакна дека на изборите ќе настапат со коалицијата на СДСМ а за тоа дали е можна соработка со Таравари рече дека постепено се прават иницијативи за разговори. Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски запрашан дали ќе трча и за нов мандат рече дека се уште се прават анкети и разговори и очекува во текот на идната недела да се донесе одлука.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Пукање на Бит Пазар – МВР со детали

Следно

ОН го подигнаа новото знаме на Сирија во седиштето во Њујорк

Latest from Blog

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во
Go toTop