Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место

January 17, 2026
1 min read

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во согласност со европските стандарди и препораките на Светската здравствена организација. Со ова се воспоставува јасно и универзално правило кое ги штити сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони.

-Според јавноздравствените стандарди, пушењето е личен избор, но заедничкиот затворен простор не смее да биде место каде тој избор се претвора во ризик за здравјето на другите. Законот не уредува дали некој ќе пуши, туку јасно определува каде тоа не смее да се практикува, со цел заштита на здравјето на сите присутни. Квалитетот на воздухот во затворени простории е директно поврзан со здравствените исходи. Чистиот воздух значи помалку иритации на дишните патишта, помалку астматични напади и намален ризик од развој на хронични заболувања, велат од Министерството за здравство.

Предлог-законот ја третира изложеноста на тутунски чад како прашање на безбедност и здравје при работа, а не како прашање на животен стил. Во угостителските објекти, токму персоналот е најдолго и најинтензивно изложен на чад од цигари и други тутунски и никотински производи, поради што државата има јасна обврска да го заштити правото на вработените на здрава и безбедна работна средина.

„Искуствата од европските земји кои веќе воведоа вакви законски решенија, како Ирска и Велика Британија и многу други, покажуваат дека овие мерки не претставуваат удар по угостителството и неговите приходи, туку транзиција кон поуреден, поквалитетен и попредвидлив амбиент во угостителските објекти“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Тој додава дека ваквите мерки овозможуваат поголема посетеност од семејства, туристи и граѓани кои преферираат чист воздух, што на долг рок претставува директен бенефит и за самите угостителски објекти.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Советот на Општина Битола одобри 11,5 милиони денари за заштита на животната средина

Следно

Тер Штеген останува во Каталонија, ама не во Барселона?!

Latest from Blog

ФАА препорачува внимателност на пилотите над Мексико и Централна Америка поради „воени активности“

Предупредувањето е за 60 дена поради „потенцијално опасната ситуација“ поврзана со нарушување на сателитските навигациски системи. Пилотите се предупредени за одредени области на воздушниот простор во Мексико, Централна Америка, Панама, Богота, Гвајакил

Советот на Општина Битола одобри 11,5 милиони денари за заштита на животната средина

Советот на Општина Битола ја усвои Програмата за животна средина за 2026 година, со која се предвидени вкупно 11,5 милиони денари за мерки и проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот

Градоначалникот Коњановски ги слушна предлозите на месните и урбаните заедници

Во просториите на Општина Битола се одржа традиционалната средба со претседателите на месните и урбаните заедници на градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, а на средбата беа присутни и секретарот Борче Димитровски,

Почина претседателот на Фиорентина

Фото: Фиорентина Х Фиорентина извести дека претседателот на клубот, Роко Комисо, починал по долго боледување. Шефот на „виолетовите“ наполни 76 години минатиот ноември, а во долга порака на веб-страницата на клубот, Фирентинците
Go toTop