Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ

January 5, 2026
1 min read

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.

Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ утре ќе се одржат Бадниковите поворки во 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави.

Традиционално, одбележување на Бадник ќе има и пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Годинава бадникарски кум е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар музичарот Јаков Дренковски.

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божиќ е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.

Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челзи со нов тренер веќе во среда на гостувањето кај Фулам?!

Следно

Близнаците да не бидат нервозни, Јарецот да избегнува да ги менува луѓето

Latest from Blog

Го прашале „ChatGPT“ што би правел ако е човек еден ден: Одговорот изненади многумина

Луѓето ширум светот секојдневно користат вештачка интелигенција за да си го олеснат животот, но ретко кој се запрашал како би поминала еден ден AI ако не е само дигитален алгоритам. Еден корисник

Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција (ВИДЕО)

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 км од автопатот се ставени во функција. Тој напиша: ” Погледнете

Богојавление во Белгија – Ден на трите кралеви

Во Белгија денеска се чествува христијанскиот верски празник Богојавление, кој за разлика од кај нас каде се прославува крштевањето на Исус од страна на Јован Крстител во реката Јордан, во белгиската традиција

Вест Хем се пофали со Валентин Кастељанос

Досегашниот играч на тимот на Лацио и интернационалец од Аргентина, Валентин „Тати“ Кастељанос и официјално попладнево е претставен како ново засилување на тимот на Вест Хем. Напаѓачот во моментов има 27. години

Студен бран ја зафати Европа: Откажани летови, затворени патишта и загинати во сообраќајки

Лоши временски услови денес зафатија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија и пет смртни случаи на француските патишта. Домашниот железнички сообраќај во Холандија беше
Go toTop