Се чини дека и дефинитивно Жозе Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид. Тоа ќе биде негово враќање на “Бербнабеу“ по 13 години пауза. Се чека само на официјакна потврда од страна на “кралевите“.
Инаку според, ЕСПН, Реал Мадрид тоа ќе го стори по завршување на сезоната и тоа во текот на следната недела.
Реал и Мурињо се согласија португалскиот стратег да ги преземе „Кралевите“ по Алваро Арбелоа, кој го наследи Чаби Алонсо. Сега сè што останува е да се формализира договорот на “Специјалниот“ и тој да може да се врати за својот втор престој на „Бернабеу“.
Реал Мадрид не освои ниту еден трофеј втора сезона по ред, што се смета за огромен неуспех за „Кралевите“.
Извор: vecer.mk

