Познатиот битолски архитект влегува во трката за градоначалник

September 2, 2025
1 min read

Познатиот битолски архитект и сценограф Зоран Николовски официјално поднесе кандидатура за независен кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во Битола.

Николовски е вработен во Завод и Музеј Битола од 1999 година, а во два наврати раководеше со оваа институција – од 2006 до 2010 година, за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ, и неодамна како в.д. директор предложен од партијата ЗНАМ. Тој беше сменет по одлука на министерот за култура Зоран Љутков, кој не ја продолжи неговата функција. Познат е по бројни проекти и поставки во музеите низ земјата, како и по јавните архитектонски идеи за поубава Битола кои ги објавуваше на социјалните мрежи.

На претходните локални избори Николовски беше еден од внатрепартиските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, но довербата тогаш ја доби Тони Коњановски.

 

Во изјава за „Апла“, Николовски ја објасни својата одлука:

„Мојата кандидатура е природна реакција на досегашното владеење на политичарите во Битола. Јас не сум политичар, јас сум архитект. Архитектот е конструктивен, политичарот е деструктивен. Цел мој живот сум го посветил на родниот град и многу добро знам што му треба и како тоа да го направам. Мојата визија ми е сè во животот – со неа се будам, со неа заспивам.“

Со неговата кандидатура, бројот на независни кандидати за градоначалник на Битола се зголемува на тројца. Покрај Николовски, во трката се и Ќире Димов, поддржан од партијата ТМРО на Ванчо Шехтански, и Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“.

Од редовите на партиите, досега официјално свои кандидати имаат актуелниот градоначалник Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и Методија Куновски од СДСМ. Битолчани со внимание очекуваат дали и Левица ќе излезе со сопствен кандидат или ќе даде поддршка за некој од веќе најавените.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дневен хороскоп: Овенот да избегнува исцрпеност, додека Бикот да внимава на стресот

Следно

Јужна Кореја: Околу 2000 севернокорејски војници загинаа во Русија

Latest from Blog

Коњановски ги повика граѓаните да предложат идеи за подобра Битола

Градоначалникот Тони Коњановски денес го посети штандот „Предложи идеја“, каде граѓаните имаа можност директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобрување на општината. „Секој глас е важен, секоја идеја може

ЌЕ ГИ ЗАБРАНАТ МОБИЛНИТЕ ВО ШКОЛО, забраната важи за на час но, и за на одмор

Градот Загреб официјално им препорача на сите основни училишта воведување забрана за употреба на мобилни телефони за време на престојот на учениците во училиште, што би вклучувало часови и паузи. Градот Загреб

Азизи: Фактите покажуваат дека ДУИ била во линија со Вучиќ–Груевски

Пратеникот Аднан Азизи од движењето ВЛЕН обвини дека Бујар Османи и ДУИ ја негираат јавната средба со поранешниот премиер Никола Груевски, поради силната реакција на јавноста. „Вчера, Бујар Османи јавно ја призна
Go toTop