Повредените во несреќата во Нови Сад се уште во критична состојба

November 7, 2024
1 min read

Една недела по несреќата откако се урна надстрешницана на железничката станица во Нови Сад и загинаа 14 луѓе. Тројцата пациенти пак  кои се тешко повредени сè уште се борат за живот.

Иако кај двајца пациенти се забележани мали промени во стабилноста, директорката на клиничкиот центар Војбодина  Весна Туркулов  изјави дека нивната состојба и натаму е критична бидејки може да дојде до брзи промени.

– Од моментот на прием во Ургентниот центар, едно лице е реанимирано, поради што нејзината состојба е нешто полоша од другите две, но сите се уште се животно загрозени и нестабилни“, изјави Туркулов, наведувајќи дека овие се сериозни повреди кои вклучуваат внатрешни повреди, крварење и модринки на ткивото поради затрупувањето од тешкиот товар. 

Српскиот премиер пак  Милош Вучевиќ оцени дека обвинителите и експертите кои го истражуваат падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад ќе имаат тешка работа. 

– Јавноста е преплавена со различни мислења и заклучоци за несреќата, но дека судот мора да се води според доказите. Мораме да утврдиме што доведе до уривање на зградата. Ова треба да го добиеме како конечен одговор. – Милош Вучевиќ премиер на Србија.

Околу десет луѓе се уапсени за време на протестот  во Нови Сад, се вели во заедничкото соопштение на Вишото и јавното обвинителството во Нови Сад, во кое пишува и дека се сторени неколку кривични дела. Меѓу приведените е и Миша Бачулов, советник од граѓанското здружение „Биди херој“. Според премиерот протетстите на револтираните граѓани биле добро и детално испланирани и дека 90 посто од луѓето го напуштиле собирот во кој граѓаните го  демолираа и  Градското собрание.

– Најголем број луѓе се собраа поради тага, а помала група го злоупотреби собирот. Кога почна нападот на Градското собрание, 90 проценти од луѓето го напуштија собирот.“ – Милош Вучевиќ премиер на Србија.

По несреќата во Нови Сад политичка одговорност презеде министерот за градежништво  транспорт и инфраструктура Горан Весиќ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Два институти под клуч поради нерегуларности, уште три “под лупа “

Следно

Меџити се приклучи на крводарителската акција организирана од Амбасадата на САД

Latest from Blog

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред

Најбогатиот знак во ноември: Очекува зголемување на платата – пристигнуваат деловни понуди

Во ноември, астролошки гледано, Јарецот има најмногу можности за богатство и финансиски напредок. Енергијата на месецот му носи стабилност, нови деловни понуди и шанси конечно да ја отплати напорната работа од претходните

Алиу: После изборните резултати нашата коалиција е сигурна и посилна

После десет години имаме нов амбиент во државата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од локалните избори. Нашата коалиција, посочи, не беше задкулисна
Go toTop