Поволни кредити за домашни компании: МФ ја исплати новата транша

December 3, 2025
1 min read

Министерството за финансии (МФ) исплати 785 милиони денари кон Развојната банка, како дел од седмата транша за поддршка на домашните компании. Со оваа исплата, државата досега во домашната економија за инвестиции вложила над 200 милиони евра.

Преку претходните шест транши биле пласирани 190,5 милиони евра, а средствата се наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор.

Средствата се обезбедени по поволни услови од унгарската Експорт-импорт банка и се пласираат кон крајните корисници со каматна стапка од 1,95% годишно, рок на отплата до 15 години и грејс период до три години. Министерството нагласува дека оваа мерка е дел од националната стратегија за поддршка на инвестициите и економскиот раст.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Моќен почеток на 2026 година за ОВИЕ ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ

Следно

Можни глобални доцнења: Ербас проверува 600 авиони за сомнителни панели

Latest from Blog

Можни глобални доцнења: Ербас проверува 600 авиони за сомнителни панели

Авијацискиот гигант „Ербас“ потврди дека неодреден број од неговите авиони ќе бидат подложени на инспекции откако беше откриен „проблем со квалитетот на добавувачот“ што вклучува метални панели што се користат на некои

Фетаи со обраќање на Глобалната конференција на ООН за мерење на корупцијата

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, се обрати на Глобалната конференција на ООН за користење на податоците во мерењето на корупцијата, која се одржува во седиштето на Обединетите нации

Халанд по историскиот момент: Мојата работа е да постигнувам голови

Фото: Манчестер Сити Х Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, верува дека неговиот тим не се покажа најдобро во победата од 5-4 на гости против Фулам. „Граѓаните“ остварија драматична победа, а Норвежанецот
Go toTop