Посетата на британскиот крал Чарлс на Франција одложена поради штрајковите и протестите

March 24, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Посетата на британскиот крал Чарлс Трети на Франција е одложена поради масовните штрајкови и протести, соопшти француското Претседателство, пренесува Анадолу.

Тридневната посета требаше да започне на 26 март.

Француската и британската Влада ја донесоа оваа одлука, по телефонскиот разговор меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и кралот Чарлс, се вели во соопштението на Елисејската палата, според вестите објавени во медиумите.

„Одлуката е донесена за да може кралот да биде пречекан под околности што одговараат на нашите пријателски односи“, се вели во соопштението, потсетувајќи дека новите штрајкови во Франција се планирани за 28 март.

Француското Претседателство соопшти дека посетата ќе биде презакажана што е можно поскоро.

Со реформите се предвидува зголемување на старосната граница за заминување во пензија од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за да се оствари правото на целосна пензија.

Планот предизвика гнев во јавноста откако беше објавен минатата година, со масовни протести и штрајкови низ целата земја од јануари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем број муслимани одат во Истанбул да ја видат наметката на божјиот пратеник Мухамед

Следно

Експлозија и пожар во стан во Карпош, нема повредени и загинати

Latest from Blog

Видео: Ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил

Инцидентот се случил во градот Гваиба, во државата Рио Гранде до Сул, каде што голема реплика на познатата статуа од Рио де женерио е поставена пред продавница  Хаван. Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната,

ПАРИТЕ ОДАТ ВО АЛБАНИЈА НАМЕСТО ВО БЕЛГРАД ПОРАДИ БЛОКАДЕРИТЕ: Зетот на Трамп ја откажува инвестицијата од 750 милиони евра

Зетот и инвеститор на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се откажа од инвестиција од 750 милиони евра за изградба на хотел во центарот на Белград и наместо тоа парите ќе одат

Сијарто: Европската политичка елита нема интерес за мир во Украина

Европската политичка елита „дефинитивно нема интерес“ за мир во Украина, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека мора да се направи сè за да се спречи „поткопување“ на
Go toTop