Португалија одигра нерешено 1-1 со ДР Конго во првото коло од Светското првенство во 2026 година, а критиките од фановите стигнаа веднаш по последниот судиски свиреж. Најголемиот дел од нив насочени кон најголемата ѕвезда на тимот, 41-годишниот ветеран Роналдо.
Кристијано Роналдо речиси и да немаше никакво влијание врз играта во текот на целиот натпревар. Тој го заврши натпреварот со рејтинг од 6,2, најнизок меѓу португалските играчи, заедно со Бернардо Силва, кој беше заменет на полувреме.
Навивачите и аналитичарите не беа импресионирани од Роналдо, а и нивните коментари на социјалните мрежи добро зборуваат за тоа:
„Роналдо е смешен, тој целосно исчезна од теренот.“
„Роналдо е лоша среќа за овој тим.“
„Тој е легенда, но не треба да биде стартер. Треба да седи на клупата.“
„Бернардо и Роналдо се премногу стари. Тие го забавуваат остатокот од тимот.“
„Роналдо е ужасен играч за Португалија, тој е целосно готов.“
Извор: vecer.mk

