Поради планот на Израел за целосна окупација на Газа, Турција ќе свика итен состанок на ОИС

August 9, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес изјави дека Турција ќе свика итен состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИС) за да се разгледа планот на Израел за целосна окупација на Газа, известува Анадолу.

„(Во врска со планот на Израел за Газа) Како претседавач со Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС), одлучивме да свикаме состанок на ОИС“, изјави Фидан за новинарите на заедничката прес-конференција со египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати во Ел Аламејн.

Министерот Фидан ги осуди намерите на Израел и додаде:

„Во потполност ја отфрламе намерата (на Израел) за целосна окупација на Газа. Овој план е нова фаза од експанзионистичката и геноцидна политика на Израел“.

„Како Турција и Египет, ќе продолжиме да се спротивставуваме на ваквите сценарија“, истакна Фидан.

Посочувајќи на хуманитарните напори, Фидан рече:

„До денес испративме приближно 102.000 тони хуманитарна помош за нашите браќа во Газа. Му благодариме на Египет за неговата блиска соработка во доставувањето на помошта.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кабел со кој се крадела струја предизвикал пожар во куќа во скопски Чаир

Следно

ДУИ: Обидите на „Вреди“ да клеветат, не се ништо друго освен политичка злонамерност и завист

Latest from Blog

Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH, НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ПРОГРАМА НА ЕУ

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна Оливер Вархеји денеска во Брисел го потпишаа документот со кој Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH и,

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и
Go toTop