Попов: Напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи е од значаен младински интерес

November 27, 2025
1 min read

Пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ, денеска се обрати на 71. седница на Собранието, посветена на пратенички прашања. Во своето излагање, тој отвори три значајни теми за младите во земјава, како состојбата со младинската невработеност и мерките за самовработување, исполнувањето на домашните задачи, како и актуелната мерка на Владата за доделување 55.000 ваучери за купување електронски уреди за студентите, и истите ги упати до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Попов најнапред посочи дека младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства. Тој истакна дека самовработувањето е директен начин за младите да изградат сопствени бизниси и да придонесат кон економскиот раст: „Оттука, моето прво прашање би било, бидејќи знаеме дека пред некој ден се доделуваа решенијата за самовработувањето, во Владата на Република Македонија, моето прашање е: Колку договори односно ваучери за самовработување се издадени до сега и колку средства се издвоени за оваа мерка, во рамки на Оперативниот план за вработување?“, рече Попов.

Второто прашање на Попов се однесуваше на напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи, што според него, ова е од значаен младински интерес.

„Второто прашање би ми било во делот на она што многу млади луѓе ги интересира, а тоа е до каде сме со онаа работа која што популарно во јавноста се нарекува завршување на домашната задача. Пред неколку денови имавте средба со претставници на ЕУ. Дали можеби можете да ни откриете повеќе детали околу тоа како планираме да ги исполниме обврските од тој план? Бидејќи како што напоменав, на секој млад човек, на сите мои врсници, исполнувањето на домашната задача односно завршувањето на реформите овде дома во Република Македонија, е прашање кое што е од особен младински интерес“, истакна Попов.

Попов го отвори и прашањето за мерката со која Владата им доделува ваучери на 55.000 студенти за купување електронски уреди. Тој нагласи дека ова не е само мерка, туку инвестиција во дигиталната писменост и иднината на младите.

„Кога една влада презема обврска кон младите, особено кон студентите, тоа не е само мерка, тоа е инвестиција во иднината на државата. На самите 100 дена од мандатот на новата Влада, ја најавивте мерката за финансиска поддршка за купување на електронски ваучери од 15 300 денари. Мерка која што значи вложување во младите и во нивната дигитална независност и дигитална писменост. И затоа моето трето прашање е: Дали располагате со податок колку студенти до сега ја искористиле мерката за ваучери во вредност од 15 300 денари за електронски уреди и колку средства во буџетот се издвоени за оваа мерка?“, заклучи Попов.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Слот доби поддршка ама и ултиматум: Или “три од три“ или толку ти беше! Контактиран бил и Клоп!

Следно

“Верувајте, Витиња е следниот освојувач на Златната топка“!

Latest from Blog

Млада пејачка почина откако направила естетска операција

Според локалните медиуми, Мајерли била хоспитализирана во Богота поради сериозни здравствени проблеми што се појавиле по процедура во козметичка клиника. Иако се сомнева дека оваа интервенција ги предизвикала компликациите што довеле до

Во 21-ви век… ЈОВАНА ЈЕРЕМИЌ ТВРДИ ДЕКА КОЛЕГИТЕ ОД ТЕЛЕВИЗИЈАТА И ПРАВЕЛЕ ЦРНА МАГИЈА

Популарната водителката на ТВ Пинк, Јована Јеремиќ, откри дека била жртва на црна магија од нејзините колеги во Хепи ТВ. За прв пат, Јована проговори за конфликтот со сопственикот на Хепи, Предраг

Слот доби поддршка ама и ултиматум: Или “три од три“ или толку ти беше! Контактиран бил и Клоп!

ФОТО: FC Liverpool/FB По онаа вчерашна бламажа, којзнае која по ред сезонава, раководството на Ливерпул денеска имало состанок со тренерот Арне Слот. Кажано му било на холандскиот стратег дека засега останува на

ФОТО: Извидувачко-разузнавачкиот баталјон го одбележа Денот на единицата

Со воена свеченост во касарната „Илинден“ – Скопје беше одбележан „27 ноември – Ден на извидувачко-разузнавачкиот баталјон“ од составот на Командата за операции (КО). Со воена свеченост во касарната „Илинден“ – Скопје
Go toTop