Помошниците на Путин

April 5, 2024
1 min read

Уште првиот ден кога Азов се предаде и излезе од скривниците на Азовстал, Русија вети дека разрушениот Мариупол одново ќе го изгради поубав од кога било. Од тогаш во градот се гради без престан. Напредокот на градежната офанзива во Мариупол е еден од столбовите на руската пропаганда како пример за тоа дека сè што е разурнато во Украина во војната ќе биде одново издигнато.

Изградбата на Мариупол решиле да ја прочешлаат германски новинари заинтересирани за компаниите кои го овозможуваат терањето на проектот. Освен бројна тешка механизација која носи имиња на германски компании, еден од најупадливите брендови што ги начекуваат таму е – Кнауф, германскиот производител на гипс, гипс-картон и сличен асортиман.

Анализата на германските медиуми покажала дека Кнауф вработува 4.000 луѓе во Русија и продолжува таму да има продажба од милијарди евра. Тие пишуваат и дека Николас Кнауф, син на основачот и главен акционер во компанијата, до пред почетокот на војната речиси две децении беше почесен конзул на Русија, кој лично се познава со Путин.

Од пиарот на германската централа на компанијата изјавиле дека ја осудуваат руската инвазија на Украина и дека ги почитуваат санкциите против Русија, но дека во Русија нивните капацитети работат само за руски пазар.

Друга германска компанија видлива на градилиштата во Мариопул е ВКБ системи, која меѓу другото опремува фабрики за производство на бетонски блокови. Компанијата е со седиште во Северна Рајна-Вестфалија, но нејзин главен акционер е рускиот олигарх Виктор Константинович Бударин. Обвинувањето за Бударин и ВКБ е дека компанијата ја снабдува градежната индустрија во Русија. Царинските податоци покажеле дека изминативе години ВКБ снабдила цели фабрики во Русија со опрема за производство на бетонски блокови.

До сега ЕУ е стигната до 13 пакет на санкции против Русија.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Над 200 лекари годишно го напуштаат јавното здравство

Следно

ТОЈ БЕШЕ РЕВОЛУЦИЈАТА КОЈА НИ ТРЕБАШЕ, КАЖА РЕЖИСЕРОТ СИНИША ЕВТИМОВ НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА МИРКО ПОПОВ

Latest from Blog

Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и
Go toTop