Полни маси, празен џеб

August 21, 2026
2 mins read

Речиси секој угостител вели дека прометот е рекорден, а профит сепак нема. Тефтер е иновативен POS систем што покажува каде оди заработката и расте заедно со локалот – од мало кафуле до ресторан со повеќе сали и локации.

Прашајте кој било сопственик на ресторан или кафуле како оди работата и одговорот често е ист: масите се полни, прометот е одличен, но на крајот на месецот пари нема.

Проблемот најчесто не е во продажбата, туку во трошоците што тивко ја намалуваат заработката. Набавните цени, несоодветното складирање, расипувањето на намирниците, големината на порциите и режиските трошоци можат сериозно да ја намалат маржата, а класичната каса покажува колку е продадено, но не и колку навистина останало.

Тука Тефтер нуди поинаков пристап.

Овој современ POS систем (програма за ресторани) ја следи реалната цена на секоја ставка до ниво на состојка. Според рецептурата и моменталните набавни цени, сопственикот може да види колку навистина чини производот и колкава маржа остава.

Дополнително, Тефтер користи вештачка интелигенција за автоматско скенирање и внесување фактури од добавувачите, со што се следат промените во набавните цени и костингот останува ажуриран без дополнителна рачна работа. AI анализата, пак, ги обработува извештаите и покажува каде се губи маржата и на што треба да се посвети внимание.

Но Тефтер не е создаден само за малите локали. Истиот систем работи подеднакво за кафуле, бар, пицерија и ресторан со повеќе сали и кујни.

Нема дополнителни трошоци.

Кафуле може да започне со компјутерот и таблетот што веќе ги има, додека поголем ресторан може да користи повеќе фискални уреди, повеќе сали и тераса, како и повеќе локации со далечински преглед во живо.

Посебно вреди да се спомене кујнскиот дисплеј систем (KDS). Наместо хартиени ливчиња, нарачките се појавуваат на екрани распоредени по повеќе станици – фурна, скара, салати, десерти и посебен екран за шанкот – обоени според поминатото време, со означување на готовите ставки, финална контрола пред нарачката да излезе и одделен приказ за нарачките за носење.

Сето тоа без дополнителна наплата по каса, таблет или келнер. Како што расте локалот, расте и капацитетот на системот, но не и сметката.

Тефтер е достапен на македонски, англиски и албански јазик.

Од компанијата велат дека развојот на Тефтер продолжува со фокус на автоматизација и намалување на административниот товар за угостителите. Во подготовка се целосен сметководствен модул и е-Фактура, со кои финансиските процеси ќе бидат уште повеќе поврзани со секојдневното работење на локалот.

Гостите веќе нарачуваат од својата маса преку QR мени, а во развој е и JukeBox – опционална бесплатна алатка за локалите кои сакаат дополнително да го збогатат искуството на своите гости. Преку неа, гостите директно од масата ќе можат да нарачаат и платат песна која сакаат да се пушти.

Од Тефтер посочуваат дека системот е создаден да расте заедно со бизнисот – од една каса до ресторан со повеќе сали, фискални уреди и локации, без потреба од комплицирано префрлање на друг систем.

А бидејќи угостителството не работи од девет до пет, Тефтер нуди поддршка 24/7 и градење на функции по мерка за секој еден клиент. 

За секој угостител кој сака прво да види како функционира системот во реална работа, достапен е и двомесечен бесплатен пробен период, со инсталација и обука.

Ние ќе се погрижиме за сè што ви е потребно, за вие да можете да се посветите на вашиот локал и вашите гости.

Повеќе информации: tefter.restaurant

 

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

22,6 милиони денари промет на Македонската берза, Гранит во фокусот на инвеститорите

Latest from Blog

22,6 милиони денари промет на Македонската берза, Гранит во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 21.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.217,39 поени. Во

Еве што го чека Алварез пред тренинг-кампот на Атлетико Мадрид!(ФОТО)

ФОТО: La Liga/FB Хулијан Алварез се најде во центарот на вниманието откако се појавија нови информации за неговата иднина во Атлетико Мадрид, а ситуацијата меѓу аргентинскиот напаѓач и клубот очигледно станува е

Историски извоз: Агриа за првпат пласираше македонско свинско месо во Албанија

Компанијата „Агриа“ од Велес денеска го реализираше првиот извоз на свинско месо од Македонија во Албанија, со што најголемиот македонски производител на свинско месо започна со пласман на своите производи на странски

Проданоски: Прилеп влегува во најголемиот инвестициски циклус во последните години

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, изврши увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти во Прилеп. Проданоски истакна

Пет лица се исчезнати во пожар во Швајцарија, осум повредени

 Зградата, во која се наоѓале ресторан и станови, е целосно уништена, потврди полицијата во кантонот Граубинден, јавува Би-Би-Си. Полицијата била повикана на пожарот кратко по полноќ, по што речиси 100 пожарникари излегле
Go toTop