Проданоски: Прилеп влегува во најголемиот инвестициски циклус во последните години

August 21, 2026
1 min read

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, изврши увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти во Прилеп.

Проданоски истакна дека градот се наоѓа во сериозен инвестициски циклус, со проекти чија вкупна вредност во последните една до две години надминува 12 милиони евра.

„На улицата ‘Кузман Јосифоски’ се реализираше реконструкција на водоводната мрежа, инвестиција од околу 6 милиони денари со поддршка од Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање. По завршувањето на водоводниот зафат, Општина Прилеп со сопствени средства продолжува со рехабилитација на улицата во должина од 300 метри и површина од околу 3.000 квадратни метри“, посочи Проданоски.

Тој се осврна и на работите кај мостот „Табана“, каде што се реализира еден од позначајните инфраструктурни проекти за градот. Проектот опфаќа изградба на кружен тек, санација и проширување на мостот, регулација на речното корито и изградба на канал, со вкупна вредност од 141 милиони денари.

Од оваа сума, 15 милиони денари се обезбедени од сопствени средства на Општина Прилеп, додека останатиот дел е обезбеден преку Владата и Министерството за транспорт.

„Овие проекти се дел од поширокиот инвестициски циклус во Прилеп. Во последниве година-две, преку поддршка на Владата и договорите со надлежните министерства, во нашиот град се реализираат проекти во вредност од над 12 милиони евра“, нагласи градоначалникот.

Покрај тековните проекти за реконструкција на улици, тротоари и водоводна мрежа, уредување на јавни површини, спортски и детски игралишта и инфраструктура во индустриските зони, Општина Прилеп најавува и нов циклус на рехабилитација на локалните улици и патишта.

За подобрување на патната инфраструктура во општината, обезбедени се 168 милиони денари за период од три години, од кои 60 милиони денари се предвидени за реализација во текот на оваа година.

Проданоски изрази благодарност до Владата, премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, прилепските пратеници и замениците министри за, како што посочи, максималната поддршка и соработка.

„Нашата обврска заедно со Советот како локална самоуправа е секоја обезбедена инвестиција да ја претвориме во подобра инфраструктура, подобри услови за живот и развој и проекти кои ќе останат за генерациите што доаѓаат“, порача Проданоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет лица се исчезнати во пожар во Швајцарија, осум повредени

Следно

Историски извоз: Агриа за првпат пласираше македонско свинско месо во Албанија

Latest from Blog

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен

Николоски: Македонија инвестира во енергетска сигурност, инфраструктура и нови работни места

Во 21 век напредуваат државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој посочи дека Владата води политика насочена кон иднината,

Божиновска: Секој ревизорски наод мора да има конкретен одговор, активност и рок

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска одржа работен состанок со органите во состав и субјектите поврзани со Министерството, посветен на постапувањето по наодите и препораките од ревизорските извештаи.

Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека од 14 септември 2026 година ќе започне спроведувањето на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем на територијата на Општина Прилеп. Дератизацијата ќе се спроведува согласно договорот
Go toTop