Шефот на
кантоналната полиција во Цирих, Марио Фер, на прес-конференција изјави дека
напаѓачот Несип Деделер (31) имал двојно државјанство – и турско и швајцарско,
но и дека се радикализирал и дека уште во 2015 година бил пријавуван за ширење
пропаганда на т.н. Исламска држава, пренесува швајцарски „Блик“.
„Ова беше гнасен терористички чин. Сакаме таквите
луѓе да ја напуштат земјата“, рече Фер. Тој додаде и дека напаѓачот во 2024
година поднел барање за издавање нов пасош, но никогаш не дошол да го подигне,
како и дека во 2024 година емигрирал во Турција и исчезнал на две години.
Пред
нападот, според зборовите на Фер, напаѓачот поради чудно однесување бил фатен и
префрлен на лекување во психијатриска болница, но во средата било проценето
дека не претставува опасност за себе или за другите, по што бил пуштен од
установата. Фер рече и дека напаѓачот при нападот користел нож, чие сечило се
скршило за време на инцидентот, без да открива детали за тоа како осомничениот
бил совладан.
Кантоналната
полиција утрово околу 8:30 часот примила дојава за напад на железничката
станица, по што веднаш на терен биле испратени две патроли кои затекнале три
тешко повредени лица.
„Повреден е
еден 28-годишник со убодна рана на ногата, 43-годишник повреден во пределот на
вратот и 52-годишник кој е тешко ранет со убод во бутот и итно опериран.
Двајцата полесно повредени се пуштени од болница“, соопшти полицијата и додаде
дека напаѓачот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“.
Извор: vecer.mk


