Полемика за „Отворениот Балкан“: ДУИ ја критикува ВРЕДИ за лицемерството

November 23, 2024
1 min read

ДУИ ја обвинува ВРЕДИ за лицемерие поради иницијативата „Отворен Балкан“. Темата стана актуелна откако премиерот на земјава, Христијан Мицкоски, е во дводневна посета на Белград на саемот на вино, кој се организира во рамките на Отворен Балкан. Пратеничката од ДУИ, Арбана Пашоли, потсети на ставовите на лидерите на ВРЕДИ додека беа во опозиција.

-Пред не повеќе од 6 месеци го изјавуваа следното: Движењето Беса во тоа време ја обвини Владата на РСМ дека е учесник во Отворен Балкан, кој според Беса е српско-руски проект. Исто така, јавно прашуваме уште колку од вашите ставови ќе промените во текот на следните неколку месеци. Или поточно, дали ќе останете на ставот кој јавно сте го кажале. Колку можете да голтнете? Само со една цел, лични интереси и инаети, вели Арбана Пашоли, пратеничка на ДУИ.

На оваа тема вчера зборуваше Изет Меџити од ВРЕДИ, кој рече дека иницијативата „Отворен Балкан“ не ја постигнала својата мисија и не е инклузивна иницијатива во која треба да се вклучи целиот регион.

И Христијан Мицкоски, додека беше во опзоиција го критикуваше „Отворен Балкан“. Тој изјави дека иницијативата има многу недостатоци и за истата треба да се разговара со стратешките партнери.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По 61 година ООУ Наум Охридски добива нова сала- Мицкоски ќе присуствува на отворањето

Следно

Николоски и Трајановски ќе извршат увид во изградба на автопат Охрид-Кичево

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop