Покрај унгарскиот кредит, граѓаните ќе им ја плаќаат и каматата на фирмите

November 26, 2024
1 min read

Банките се уште не го добиле писмено она што е договорено со Владата во однос на унгарските пари. Од банките со кои разговараше редакцијата на Рацин.мк велат дека им е потребен официјален документ за да може процесот да се продолжи во нивните служби. Без тоа, не можат да ги утврдат условите и критериумите за составување на договорите. Тие побарале од Владата да добијат овој документ што поскоро за да може да започнат со работа.

Владата се договори дека единствениот трошок за компаниите кои ќе подигнат кредит од унгарските пари ќе биде покривањето на кредитниот ризик на банките, кој изнесува 1,95%. Овие средства остануваат кај банките. Каматата од 3,25%, која претходно беше спомнувана во јавноста како товар за фирмите, повеќе не важи за нив. Каматата за кредитот што државата го зема од Унгарија, а е наменет за фирмите, ќе се враќа од буџетот.

Банкарите појаснуваат дека ова практично значи дека фирмите кои ќе користат заем од Унгарија нема да ја плаќаат каматата. Банките ќе добијат процент за покривање на кредитниот ризик, додека каматата ќе ја покрие државата, што значи дека и граѓаните ќе учествуваат во враќањето на кредитот.

Експертите, пак, ја истакнуваат важноста на дефинирањето на условите и критериумите за распоредување на овие средства во стопанството, бидејќи не е јасно каде ќе завршат средствата од заемот.

Премиерот Христијан Мицкоски, повтори дека средствата ќе се користат за определени цели и дека се работи за историски договор со банките. Тој најави дека сите услови ќе бидат дефинирани до крајот на оваа недела.

Во меѓувреме, Владата се договори дека единствениот трошок за компаниите кои ќе подигнат кредит од унгарските пари ќе биде покривањето на кредитниот ризик на банките, кој изнесува 1,95%. Овие средства остануваат кај банките. Каматата од 3,25%, која претходно беше спомнувана во јавноста како товар за фирмите, повеќе не важи за нив. Каматата за кредитот што државата го зема од Унгарија, а е наменет за фирмите, ќе се враќа од буџетот.

Банкарите, пак, изјавија дека ова практично значи дека фирмите кои ќе користат заем од Унгарија нема да ја плаќаат каматата. Банките ќе добијат процент за покривање на кредитниот ризик, додека каматата ќе ја покрие државата, што значи дека и граѓаните ќе учествуваат во враќањето на кредитот.

Со оглед на фиксниот процент на кредитен ризик, банкарите сметаат дека треба да се внимава каде ќе се пласираат средствата, бидејќи поголемите и помалите фирми ќе имаат исти услови за кредитирање.

Претходно, беше договорено дека рокот за враќање на заемот ќе биде 15 години, со три години грејс период. Од заемот од Унгарија, 250 милиони евра се наменети за стопанството.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Следно

Пуштени во продажба билетите за најважниот натпревар на Е.Пелистер во ЛШ

Latest from Blog

Свечен прием и концерт по повод 21 Декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) вечерва во Скопје организира свечен прием по повод 21 декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на

Вкусот на Пелистер“ повторно ги обедини Битола, Прилеп и Ресен

Неколку илјади граѓани од Битола, Прилеп, Ресен и од другите ополни општини денеска присуствуваат на манифестацијата „Вкусот на Пелистер“, која се одржува под мотото „Куќа имам на Пелистер“. Настанот е посветен на

“Студентите“ блокадери со нов протест: СЕ БАРА АВТОНОМИЈА НА САНЏАК!

Студентските протести во Србија веројатно лани почнаа – како студентски, но веќе од март годинава тие се политички деминстрации со конкртени барања кои се спротивни на државниот устав: отцепување на Војводина и
Go toTop