Почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

November 21, 2025
1 min read

Денеска почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Собирањето на потписите ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар, секој работен ден во периодот на редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот, а последниот ден (30 ноември 2025) до 24:00 часот.

Како што информира ДИК, Подрачно одделение на Државна изборна комисја – Гостивар е надлежно за собирање потписи за градоначалник на општините Гостивар, Маврово и Ростуше и Врапчиште, а канцеларијата на Државна изборна комисија – Дебар е надлежна за собирање на потписи за градоначалник на општина Центар Жупа.

Постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на овие четири општини завршува на 30 ноември 2025 година во 24 часот.

Повторените избори за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа се одржуваат поради непостигнат цензус на Локалните избори кои се одржаа на 19 октомври 2025 година поради што во овие општини не се избраа градоначалници.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Десет особини на љубоморна свекрва која не може да го пушти синот

Следно

3 хороскопски знаци кои секогаш ги ставаат другите пред себе!

Latest from Blog

Легендата на Сити ја заврши кариерата: Ништо не ме мотивира повеќе во фудбалот

Бразилскиот играч од средниот ред Фернандињо ја заврши кариерата на 40-годишна возраст. Неговиот последен клуб беше бразилскиот Атлетико Параненсе, каде што неговиот договор истече на почетокот на оваа година. Бразилецот досега не

Најмалку три лица загинаа во земјотресот во Бангладеш

Најмалку три лица загинаа во земјотресот што го погоди Бангладеш утрово, објави Ројтерс. Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ) претходно денес објави дека земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата
Go toTop