Почина македонскиот музичар Кире Митрев

October 28, 2025
1 min read

Музичарот, аранжер и композитор Кире Митрев почина на 78-годишна возраст во Минхен, објавено е на неговиот Фејсбук профил.

Во соопштението се наведува дека Кире Митрев починал во болница во Минхен.

Кире Митрев беше исклучителен музичар роден во Битола во семејство на аматерски музичари и почнал да свири гитара на петгодишна возраст, додека музичкото образование го започнал на 11-годишна возраст.

Свирејќи изворна македонска музика во народни оркестри на културно-уметнички друштва, тој го откри богатството на латентни хармонии што изобилуваат во македонскиот фолклор. Свирејќи класична музика, изгради стилски израз инспириран од неговата сензибилност.

Тромбонот бил негов главен инструмент, а преку класичната музика изградил специфичен израз што се развил по неговото пристигнување во Белград.

Потоа, покрај сопствената кариера, тој придружувал и многу познати музичари на турнеи во Југославија и Европа, а потоа заминал да студира на колеџот Беркли (почеток на 80-ти години).Во периодот по неговата специјализација на Беркли, тој ги започна своите компонирачки и аранжирачки активности со исклучителен интерес за елементите на џезот. За да ги реализира своите музички идеи, тој ги собра околу себе најдобрите џез музичари. Така се роди групата „КИМ“, во која Кире Митрев беше концептуален и музички водач, композитор, аранжер, тромбонист и музички продуцент. Од самиот почеток, музичката продукција, композициите и аранжманите беа проследени со извонредни критики и поддршка од сите медиуми.

Слободата на изразување, импровизацијата и богатството на хармониите во модусите станаа нов предизвик во неговата понатамошна работа. Во контекст на тесната соработка помеѓу ТВ Белград и ТВ Скопје, а со цел да се промовира оригиналната музика на Кире Митрев, ТВ Скопје сними амбициозна емисија за Југословенската радиотелевизија – ЈРТ, посветена на групата „КИМ“. Специјален гостин беше истакнатиот македонски тромбонист – Кирил Рибарски. Емисијата беше голем успех во земјата и беше забележана и во натпреварувачкиот дел од фестивалот „Телевизиски достигнувања“ во Монтре.

Музичките критичари во екс-Ју просторите наведуваа дека „бил речиси секогаш пред времето“ заради изразниот формат на музиката.

Неколку години беше солист на театарот Теразије, а подоцна ја продолжил кариерата во Минхен, каде што бил член на меѓународен биг бенд кој соработувал со некои од најголемите светски ѕвезди.

Од 1976 година, Културната заедница на Белград му додели статус на уметник.Во тој период, беше член и солист на Биг Бендот на Радио Телевизија Белград.

Во јануари оваа година, Кире Митрев беше еден од уметниците кои примија националната пензија на Република Србија.
Беше добитник на голем број престижни награди и признанија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Цивил: Злоупотреба на училишен простор и деца во кампањата во Пробиштип

Следно

ТУКА СЕ САМО КОГА ИМ ТРЕБАТЕ: Ова се јасни знаци дека партнерот е со вас само од КОРИСТ

Latest from Blog

ВИДЕО Ураганот се приближува кон Јамајка: „Ова е последна шанса да ги заштитите вашите животи!“

Најсилната бура оваа година, ураганот Мелиса, се засилува пред да стигне до копно. Моментално е ураган од категорија 5 со ветрови до 184 милји на час, што го прави еден од најсилните

Месечен хороскоп за ноември

Дознајте што ве очекува во ноември 2025 година на полето на љубовта, работата и здравјето. Месечниот хороскоп за ноември 2025 година ве води низ космичките влијанија што го обликуваат вашиот живот во

Дронови и во вториот круг: Јанев дециден, нема толеранција за ниту едно незаконско дејствување

Информација за актуелната безбедносна состојба и за сите предизвици со кои полицијата се соочува на терен во пресрет на вториот круг од локалните избори добил директорот на БЈБ, Александар Јанев. Тој денеска,

Мажите кои преку интернет ја ширеа приказната дека Брижит Макрон е маж, сега се пред суд: „Зар не смеевме да се пошегуваме?“

Десет лица се соочуваат со затворска казна поради наводно ширење на лажни тврдења дека француската прва дама, 72-годишната Брижит Макрон, е маж по име Жан-Мишел Трогно, гласина што широко се прошири на
Go toTop