ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ХРВАТСКА ПЕЈАЧКА ГАБИ НОВАК

August 11, 2025
1 min read

Легендарната хрватска пејачка Габи Новак почина на 9о години. Откако на 17 август 2015 го загуби сопругот Арсен Дедиќ, кантавтор и композитор со кого беше во брак повеќе од четириесет години,  Габи Новак доживеа уште една тешка лична трагедија., кога на 8 јуни годинава, на 52 години почина нејзиниот син Матија Дедиќ, еден од најистакнатите хрватски џез пијанисти.

Габи Новак често ја нарекуваа прва дама на хрватската поп музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.

Габи Новак е родена на 8 јули 1936 година во Берлин. Беше ќерка на Ѓуро Новак, роден на островот Хвар, и Германката Елизабет Рајман. Детството го поминала во Берлин, потоа на Хвар, по што се преселила во Загреб. Таму дипломирала на Факултетот за применети уметности, со насока графика, и кратко работела како илустратор во „Загреб филм“, во Студиото за цртани филмови.

Таа почна да настапува кон крајот на 1950-тите, а нејзиниот препознатлив глас наскоро ја направи една од најомилените пејачки на југословенската музичка сцена од тоа време. Нејзиниот репертоар вклучуваше поп и џез, а веќе во текот на 1960-тите години стекна голема популарност.

За време на нејзината богата кариера, таа сними голем број албуми и синглови и соработуваше со врвни композитори и музичари. Нејзините уметнички достигнувања се потврдени со бројни награди, вклучувајќи неколку награди „Порин“, во 2002 година за најдобра џез изведба, во 2003 година за албум на годината, најдобар женски вокал, најдобар поп албум и најдобра вокална соработка, а во 2006 година ја доби наградата „Порин“ за животно дело.

Прво беше во брак со композиторот Стипица Калоѓера, а по нивниот развод во 1970, на 30 март 1973 се омажи за кантавторот Арсен Дедиќ, кој беше нејзин сопруг и уметнички соработник до неговата смрт во 2015.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Оган под ѕвездите, денес метеорски дожд над Македонија

Следно

Во Њујорк отворена изложбата „Жените во македонската архитектура: Обновата на Скопје“

Latest from Blog

Зошто Мараја Кери и по 20 години тврди дека не ја познава Џенифер Лопез ? (ВИДЕО)

Тој момент наскоро влезе во историјата на поп-културата, а повеќе од две децении подоцна, пејачката повторно проговори за позадината на нејзината позната изјава. „Работата е во тоа што бев искрена кога го

Анхоч го стартува „GG October“ – месецот на гејминг и технологија за сите љубители на добар сетап.

Октомври во Анхоч носи ново, возбудливо поглавје! Со кампањата GG October, Анхоч го отвора месецот на врвна технологија и инспирација за сите љубители на моќен и совршен дигитален сетап. Ова не е

Димитриевски го повика Филипче на ТВ дуел: Да ги соочиме аргументите за сите прашања јавно

Лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, Максим Димитриевски го повика претседателот на СДСМ Венко Филипче на дуел, каде ќе ги соочат аргументите за сите прашања јавно, наместо да се занимаваат

Српски историчар до Путин: Што мислите за обидот за ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ВО СРБИЈА?

Рускиот претседател Владимир Путин одржа говор во Сочи на 22-от годишен форум на Меѓународниот дебатен клуб Валдај. По говорот, тој одговори на прашања од новинарите. Српскиот историчар Александар Раковиќ го праша Путин
Go toTop