На 91 година почина познатиот светски моден креатор Џорџо Армани.
Веста ја објави групацијата Армани.
„Господинот Армани – како што секогаш го нарекуваа со почит и восхит неговите вработени и соработници – почина мирно, опкружен со своите најблиски. Работеше неуморно до последните денови, посветувајќи се на компанијата, колекциите, различните и секогаш нови проекти во тек и оние што штотуку се создаваа“, беше објавено.
Извор: tv21