По трет пат одложено судското рочиште за случајот со родилката од Дебар

March 10, 2023
1 min read

Во Основниот суд во Струга денеска по трет пат беше одложено судењето за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која и беа отстранети три органи по породувањето со царски рез, против тројца лекари од Болницата во Струга.

Одлагањето, како што беше истакнато на денешното рочиште, на кое требаше да сведочи медицинска сестра на барање на обвинителството, е поради отсуство на адвокат на обвинета во случајот. Судењето е закажано за 9 мај, со образложение дека адвокатот имал хирушка интервенција.

Адвокатот на оштетената Веапоска, Сашо Јанев, смета дека неговиот колега од спротивниот табор навистина имал здравствени проблеми и оти одлагањето не е дел од неговата тактика.

– Го познавам како чесен адвокат и верувам дека навистина е на оперативен зафат. Јас му посакувам брзо оздравување. Секој адвокат има своја тактика. Искрено не верувам дека ова е дел од тактиката. Меѓутоа, сепак премногу време одминува по однос на ова судење. Очекувам дека од следното рочиште ќе се убрза целокупниот процес и ќе дојдеме до првостепена пресуда во најскор можен рок, изјави Јанев по излегувањето од судницата.

Оштетената Веапоска, смета дека постапката се одолговлекува од почетокот и оти ова одлагање е купување време, но очекува дека еден ден правдата ќе биде задоволена.

– Постапката се одолговлекува уште од самиот почеток, уште од Лекарската комора и од Министерството за здравство, па се до тука. Колку и да се одложува еден ден ќе дојде крајот, мислам дека правда треба и мора да има за овој случај, рече Веапоска.

Кажа дека досега се немала соочено со ниту еден доктор надвор од судницата, но оти сака законски да одговараат за тоа што останала без матка, јајник и бубрег. Веапоска истакна дека се лекувала на психијатрија и оти здравствената состојба се повеќе и се влошува психички и физички, а во меѓувреме имала и друг оперативен зафат во кој и била отстранета жолчката.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Скопјанец не може да докаже дека е жив поради неговиот брат близнак

Следно

Недостиг на работници во албанскиот туристички сектор, само во Валона ангажирани околу 600 странци

Latest from Blog

Македонија ги забрзува инфраструктурните планови: Николоски во Брисел на клучни средби

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ја започна посетата на Брисел со серија политички и економски состаноци, фокусирани на унапредувањето на инфраструктурните проекти и европските транспортни коридори. На средбата со тинк-тенкот

Трамп им создава нови главоболки на организаторите на Светското првенство

фото: Football Tweet (X) Светското првенство во 2026 година започнува напнато. Белата куќа потврди дека на ждрепката во петок во Вашингтон ќе биде и Доналд Трамп како главен гостин, што предизвика контроверзии

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја стресе Кина

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди кинескиот регион Јужен Синџијанг, во близина на границата со Киргистан, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил утрово во 7:44 часот на длабочина

Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во декември 2025?

Декември 2025 година пристигнува со длабоко симболична енергија – како последна сцена од претставата на една година исполнета со пресврти, подеми и духовно созревање. Планетарните аспекти во овој месец откриваат враќање на
Go toTop