Платформата „Икс“ повторно достапна во Венецуела по повеќе од една година

January 14, 2026
1 min read

Привремената претседателка Делси Родригез, која претходно ја извршуваше функцијата потпретседателка на Мадуро, го активираше својот налог на „Икс“ со порака до јавноста: „Го продолжуваме контактот преку овој канал. Венецуела останува на нозе, со сила и историска свест. Да останеме обединети во стремежот кон економска стабилност, социјална правда и држава на благосостојба“.

По изборите во јули 2024 година, Мадуро беше прогласен за победник и покрај обвинувањата за изборен фалсификат, по што неговата влада во август го оневозможи пристапот до оваа американска платформа.

Пред забраната, „Икс“ беше клучна платформа за информирање на граѓаните на Венецуела, но блокирањето ги принуди министерствата, пратениците и државните агенции да престанат со објавување содржини на оваа мрежа. Родригез ја презеде власта откако Мадуро и неговата сопруга беа заробени од американските воени сили на почетокот на овој месец, во операција во која, според официјалните податоци, загинаа над 100 лица.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски најави засилена поддршка за извозно ориентираните компании

Следно

Сенидах најавува ноќ на врвна продукција, моќен звук и сценски дизајн што ја следи секоја емоција

Latest from Blog

Касами поддржува укинување Техничка влада, без косензус – по следните паралментарни

Доколку има консензус веднаш ќе се укине пржинската власа, а ако СДСМ не се согласува со тоа, техничката влада ќе се укине после следните редовни парламентарни избори, рече денеска Биљал Касами по

Сенидах најавува ноќ на врвна продукција, моќен звук и сценски дизајн што ја следи секоја емоција

Точно еден месец нѐ дели од првиот солистички, скопски концерт на регионалната музичка икона Сенидах, која на 14 февруари со себе ќе ни го донесе својот препознатлив уметнички потпис и емоција што не

Муцунски најави засилена поддршка за извозно ориентираните компании

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари работна средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, предводени од претседателот Бранко Азески, на која беше разговарано за унапредување

Касами бара системски крај на техничката влада

Коалицијата „Вреди“ на денешната лидерска средба излезе со став за итно укинување на техничката (Пржинска) влада. Доколку не се постигне консензус меѓу сите партии, тие предлагаат овој модел да се примени за
Go toTop