Планот на Бајден и Шулц за носење на Украина кон преговори

November 28, 2023
1 min read

Од оваа позиција Киев треба да преговара сo Москва околу својот „суверенитет и територијален интегритет“, а според Билд овој план го координираат Белата куќа и кабинетот на Шолц. Спонзорите на Украина сакаат во овие преговори Зеленски да го реши и идниот статус на териториите окупирани од Русија.

„Зеленски треба да разбере дека работите не можат вака да продолжат. Без надворешен притисок. Тој треба да и каже на нацијата за ова и да објасни дека преговори мора да има,“ изјавуваат извори од германската влада за Билд.

Како клучен дел од планот е намерата на САД и Германија да го снабдат Киев со оружја и количина која е доволна за украинската армија да може да го одбрани сегашниот фронт, но не и да ги врати изгубените територии.

Воените експерти како Густав Гресел од Европскиот совет за надворешни работи, го критикуваат планот како заблуда на Западот, затоа што не е доволно само да го притиснеш Зеленски за да има преговори, бидејќи сега и Путин не сака да преговара, „тој сега сака да ја добие војната“.

„Со тоа што ќе ја ослабнеме Украина, го мотивираме Путин да продолжи да верува во својата победа и да работи на неа. Само ако Украина победува Русија ќе има волја за преговарање. Но Украина не го прави тоа, а одложените, непостоечки и далеку премалку пратки на оружје се дел од проблемот,“ порачал Гресел.

Доколку ова не им успее, алтернативата на Вашингтон и Берлин е замрзнат конфликт без договор, со кој би се создала некаква квази граница меѓу Украина и Русија, односно „нешто како Минск, само без Минск.“

Наводно за овој план не притискал министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, кој е за испорака на Таурус ракети на Украина, туку тој доаѓал лично од кабинетот на канцеларот. Процената на германските експерти е дека кабинетот на Шулц не верува ниту ја посакува победата на Украина.

„Пакетот оружје што Писториус го испрати во Украина не е одраз на целта ‘Украина мора да победи’, туку симболизира дека поддршката е толку мала што Украина е притисната да оди на преговори, на Минск 3,“ пишува Билд.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

„Или-Или“ го објави романот „Идис“ од Робер Бадентер

Следно

Десет луѓе починаа како последица на ниските температури во Украина

Latest from Blog

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие
Go toTop