Пјонгјанг се закани со силен одговор доколку САД и Сеул продолжат со пвежбите

February 17, 2023
1 min read

Северна Кореја денеска се закани дека ќе преземе „невиден, силен одговор“ доколку Јужна Кореја и САД продолжат со планираните воени вежби и ги обвини дека ги зголемуваат тензиите во регионот.

Во соопштението пренесено од државната новинска агенција KCNA, севернокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе разгледа дополнителна воена акција доколку Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), за кој наведува дека е под влијание на САД, продолжи да врши притисок врз Пјонгјанг.

Соопштението доаѓа во момент кога Јужна Кореја и САД се подготвуваат за годишни воени вежби како дел од напорите за подобро спротивставување на, како што ги нарекуваат, „растечките нуклеарни и ракетни закани“ на Северна Кореја.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја денеска соопшти дека следната недела во Вашингтон ќе се организираат теоретски воени вежби кои ќе имаат за цел унапредување на употребата и одговорот на нуклеарното оружје и дека следниот месец во Јужна Кореја ќе бидат организирани редовни пролетни воени вежби „Штитот на слободата“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Како изгледа новоизградената градинка „Сонце“ во Волково?

Следно

„Власта се преигра со коалициите, една партија внатре, две надвор, владата побргу се распаѓа, отколку што зацврстува“

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop