Она што се очекуваше тоа и се случи кога е во прашање екипата на Ливерпул. Арне Слот повеќе не е менаџер на клубот од Енфилд, и тоа е одлуката која што е конечна.
И покрај актуелниот договор на Слот, тој нема повеќе да го води тимот, таква е одлуката на менаџментот на овој премиерлигаш.
Лошата резултатска сезона, петтото место на табелата и едвај обезбедениот пласман во Лигата на Шампионите очигледно беа пресудни тој повеќе да не е дел од клубот.
Најверојатно Слот ќе биде заменет од Андони Ираола, кој што е фаворит за позицијата.
Извор: vecer.mk


