Пет лица загинаа, двајца се исчезнати во поплавите во Казахстан

April 19, 2024
1 min read

АСТАНА (АА) – Казахстан се бори со разорни поплави во кои пет лица загинаа, а две се водат за исчезнати, потврди заменик-министерот за внатрешни работи на Казахстан, Марат Коцаев, по седницата на Сенатот, пренесува Анадолу.

Коцаев рече дека четири лица се удавиле во регионот Атирау, додека едно дете загинало во регионот на Туркистан.

Тој додаде дека во тек се операциите за лоцирање на две исчезнати лица во провинцијата Абај.

Казахстан продолжува да се бори со поплавите предизвикани од брзото топење на снегот и обилните врнежи. Според Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, „вонредната состојба“ сѐ уште е во сила во 38 населени места во осум региони поради поплавите.

Во спасувачките операции од подрачјата погодени од поплавите успешно се евакуирани 117.694 лица. Досега во своите домови се вратиле 18.651 лице, а 6.887 се згрижени во привремени прифатилишта.

Во провинциите Акмола, Актобе, Атирау, Костанај и Северен Казахстан поплавени се 5.718 домови.

Повеќе од 44.000 членови на различни служби за одговор при итни случаи, вклучително и воени сили, се ангажирани во обезбедувањето помош при поплавите на ранливото население.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вучиќ на годишнината од Бриселскиот договор: Единаесет години лаги и терор, без формирање на ЗСО

Следно

Фон дер Лајен на границата на Финска со Русија, се врши проценка на безбедносната состојба

Latest from Blog

Данска го повика на разговор американскиот амбасадор по извештајот за спроведувањето на операцијата за влијание во Гренланд

24 Министерот за надворешни работи на Данска го повика на разговори највисокиот американски дипломат во земјата откога главниот радиодифузер на земјата објави во средата дека најмалку три лица поврзани со американскиот претседател

Црна Гора: Бројот на туристички пристигнувања се зголеми за 3,7 проценти во јули

23 Во Црна Гора, според прелиминарните податоци, во јули имало 234.403 туристички пристигнувања, што е за 3,7 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година, додека бројот на ноќевања на туристи

Самит или спектакл? МНР потпишало договор за чистење и бојадисување од 1,8 милиони евра

38 Медиумот Алсат М дојде до договорот вреден 1,8 милиони евра кој екс-министерот за надворешни работи Бујар Османи во 2023 година го потпишал со компанијата „Еуровиа“, за која се тврди дека е

Седница на ИО на СДСМ — нови 11 кандидати за локални претседатели

2 СДСМ денеска објави имиња на уште 11 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. Одлуката е донесена попладнево на седница на Извршниот одбор на партијата. Кандидати за градоначалници се:• Бутел –
Go toTop