Перински: Објавен е јавен повик за проекти во вредност од 250 милиони евра, општините можат да аплицираат за инфраструктурни проекти од областа на култура, спорт, животна средина, патна инфраструктура, социјалната политика и образование

September 5, 2024
1 min read

Ветивме развој на општините, тоа и го остваруваме. Задоволство ми е да најавам дека денес го објавуваме јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер кој што е наменет за сите единици на локална самоуправа во висина од 6.000.000.000 денари, средства коишто се обезбедени согласно ребалансот на Буџетот, рече во своето обраќање министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Општините можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, како и од областа на социјалната политика и образованието. Јавниот повик е веќе отворен и објавен на веб страната на Министерството за локална самоуправа и на веб страната на Владата, и објавен во два печатени медиуми. Рокот за пополнување на апликативниот формулар е 7 дена и истиот пополнет со предлог проекти од страна на општините треба да се достави до Министерството за локална самоуправа. Потоа во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општините, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши и евалуација на истиот, истакна Перински.

Тој вели дека евалуацијата се очекува да заврши во рок не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства изготвуваат предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивна област и таа предлог одлука се доставува на усвојување на Владина седница.

Средствата ќе се доделат преку 6-те ресорни министерства соодветни од областа на проектите и тоа:
-Министерството за култура и туризам;
-Министерството за транспорт;
-Министерството за социјална политика, демографија и млади;
-Министерството за образование и наука;
-Министерството за животна средина и просторно планирање и
-Министерството за спорт

За следење на целиот процес, формирано е владино координативно тело, кое што ќе го предводи Министерството за локална самоуправа и во истото ќе членуваат претставници од сите ресорни министерства, потенцираше Перински.

Со објавата на повикот, Владата го исполни своето ветување, сега се на потег општините. Како никогаш досега единиците на локалната самоуправа имаат можност да ја унапредат својата инфраструктура и на тој начин директно да влијаат во подобрување на квалитетот на живот на нивните граѓани“, додава министерот Перински.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Венко Филипче и СДС е под нула, не го спасуваат фотографии од пациенти, кои ги понижува јавно

Следно

Азербејџан објави дека ерменските сили пукале врз нивните воени позиции

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop