Перински: Љубљана е пример кој треба да го следиме во насока на функционален град и задоволни граѓани

November 8, 2024
1 min read

Што содржи визијата на Градот за одржлив развој 2007-2025 година, како Љубљана успева неколкупати да биде прогласена за најзелена европска метропола, кој беше клучен фактор за да се добие тој примат, како е организиран јавниот превоз и системот за одржување на јавната хигиена, како сите овие области се третираат во Законот за локалната самоуправа и како е извршена поделбата на ингеренциите помеѓу Градот и Општините?

Ова беа само дел од темите на денешниот состанок помеѓу министерот за локална самоуправа, Златко Перински и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, во рамки на тридневната студиска посета на министерот во Словенија, како дел од неговата агенда за размена на искуства и позитивни практики од земјите од регионот во насока на подготовка на планираните измени на Законот за локална самоуправа.

Перински изворно се информираше за несомнено одличното менаџирање на Јанковиќ со главниот град на Словенија, на чие чело е безмалку 20 години, и за начинот на неговата комуникација со граѓаните и со централната власт.

Разговараа и за тоа како ги надминуваат несогласувањата, за предностите и недостатоците на „затворен град“, како и за начинот на финансирање на проектите и поддршката од ЕУ фондовите.

„Чест ми беше да се сретнам со градоначалникот Јанковиќ чиј петти градоначалнички мандат е доволен показател за неговото успешно раководење со Градот. Неговата визија, посветеност, транспарентност и тимска работа во синергија со законската рамка која се темели на потребите на граѓаните гарантираат успех, задоволни граѓани и функционална локална самоуправа. Сметам дека Љубљана е одличен пример за Град од регионот чии искуства треба да ги имаме во предвид и искористиме за наши цели и планови за измените на Законот за локална самоуправа, а во функција на нашите граѓани и Општини“, изјави министерот Перински по средбата, на која подетално се информираше и за законското уредување во однос на можноста за отповикување на градоначалник, за успешното намалување на загаденоста на воздухот и покрај специфичната положба на Љубљана, како и за бенефитите и системот на функционирање на комуналната полиција.

Министерот Перински одржа работна средба и со Криштоф Млакар, директорот на јавен холдинг „Љубљана“, во чии рамки функционираат и неколку јавни претпријатија задолжени за одржување на јавната хигиена, водоводната мрежа и јавниот превоз, чиишто приоритети при извршување на активностите ги следат развојните и еколошките насоки дефинирани на национално и локално ниво.

На средбата беше заклучено дека двигател на квалитетот на холдингот е инвестирање во модернизација на инфраструктурата и други ресурси неопходни за обезбедување квалитетни услуги, прилагодени и на потребите на потрошувачите и на можностите на јавните претпријатија, согласно со соодветна законска регулатива.

Министерот Перински, вчера го посети и Регионалниот центар за управување со отпад „Љубљана“ кој е најмодерниот објект за обновување на отпадот во Европа и најдобар пример за регионална соработка во Словенија, кој обединува 56 општини и во кој со иновативна и одржлива технологија се третира отпадот на повеќе од 800 илјади жители. Министерот притоа оцени дека ваков центар му е неопходен на секој град и неопходно е да ги искористиме словенечките искуства за наши цели.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Недостаток на работници во угостителството – Мариновски: Да се дозволи пензионерите да работат

Следно

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Чиле

Latest from Blog

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Колумбија денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, додека на површината бил најблиску

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но
Go toTop