Пеп се извини за своето однесување: Се чувствувам засрамено

November 24, 2025
1 min read

Тимот на Манчестер Сити доживеа пораз викендов против Њукасл во домашниот шампионат но веќе утре има активности во Лигата на Шампионите против тимот на Баер Леверкузен.
Менаџерот Пеп Гвардиола имаше свое видување во јавноста за последните настани, како и за непристојниот потег со кој што навреди еден од снимателите на преносот на дуелот против Њукасл, за кој што јавно се извини.

 „Се чувствувам непријатно и засрамено. Не ми се допаѓа. Му се извинувам на снимателот. Јас сум тоа што сум. Дури и со 1.000 натпревари зад мене, не сум совршена личност и правам грешки. Го бранам мојот тим и мојот клуб“ – рече Пеп па продолжи.

Треба многу да се подобриме откако загубивме четири од 12 натпревари. Но, математички сè уште е можно да се освои ФА Купот, Лига Купот, Лигата на шампионите и Премиер лигата. Вие сте искусни новинари. Дали ме слушнавте како зборувам за четирикратна титула во ноември или декември? Не. И нема да биде ништо поинаку ниту сега“, додаде Гвардиола па поентираше.

„Поразот од Њукасл беше веднаш заборавен. Размислувавме за тоа што се случи, но сега најважно е да го отвориме патот кон следната фаза од Лигата на шампионите. Има уште четири последни натпревари за играње – два дома и два на гости. Утре играме против третиот тим во Бундеслигата и тоа е многу важен натпревар за завршување меѓу првите 8. Ни треба победа, а потоа уште еден бод за да се квалификуваме во следната рунда“, рече Пеп за време на денешната прес-конференција.

https://twitter.com/CBSSportsGolazo/status/1992343227396210862

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Со амандман од ВМРО-ДПМНЕ, шест милиони денари за изградба на натпатник на патот Штип-Чардаклија 

Latest from Blog

Со амандман од ВМРО-ДПМНЕ, шест милиони денари за изградба на натпатник на патот Штип-Чардаклија 

Собраниската Комисија за финансирање и буџет, на предлог на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, прифати амандман со кој од државниот буџет за 2026. треба да се обезбедат шест милиони денари за реконструкција

Влезници за „Златните глобуси“ се продаваат за над 60.000 евра

 Неочекуваниот потег, којшто вклучува луксузни привилегии и ексклузивен пристап до настан што вообичаено се смета за затворен за јавноста, предизвика реакција во индустријата. Многумина сметаат дека станува збор за „бесрамна комерцијализација“ на

„ДОБРО Е, УСПЕАВМЕ“ Истражувач во солзи по 13 години потрага по редок цвет

Во срцето на индонезискиот остров Суматра, биологот Крис Торогуд од Универзитетот во Оксфорд доживеа момент што ќе го памети до крајот на животот. Тој помина денови и ноќи пребарувајќи ја џунглата, полна

ВИДЕО: Вулкан еруптираше после илјадници години

После илјадници години мирување, вулканот Хајли Губи во оддалечената Етиопија се разбуди во недела наутро со спектакуларна ерупција. Околу 8:30 часот по локално време, експлозијата ја потресе пустината Данакил и испрати густ
Go toTop