Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ: Нечовечки е да ги злоупотребувате личните трагедии на луѓето за добивање на политички поени

February 9, 2023
1 min read

Во врска со ставовите искажани од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за претседателот Стево Пендаровски, кои се однесуваат на ветувања за набавка на лекот за цистична фиброза, Кабинетот на претседателот ја испраќа следната реакција:

-За жал, не бил неписмен само пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, туку и оние кои го пишувале соопштението на таа политичка партија. Ако можеме некако да им помогнеме на луѓето во ВМРО-ДПМНЕ, во прилог им го доставуваме барањето на Асоцијацијата за цистична фиброза за средба со претседателот во јуни 2021 година, во кое ниту тие не бараат претседателот да ги набавува неопходните лекови, затоа што знаат дека надлежните институции за тоа се Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување. Исто така го доставуваме и соопштението од Кабинетот на претседателот во кое никаде не се споменува ветување за набавка на лек, затоа што за оние кои ги разбираат работите, Претседателот не е надлежната институција за набавка на лекови. Не веруваме дека јасната содржина во двата документи ќе ви помогне да разберете за што се работи, затоа што е јасна вашата цел, да го дискредитирате политичкиот противник и кога немате буквално ниту еден аргумент на своја страна. Нечовечки е да ги злоупотребувате личните и семејните трагедии на луѓето за добивање на политички поени. Да повториме уште еднаш, иако претседателот не е надлежен за набавка на лекови, тој смета дека сите лица од оваа категорија на болни, мора најитно да ја добијат неопходната терапија,  се вели во реакцијата на претседателот Пендаровски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Беким Сали му врати Ковачевски: Премиерот, а не министерот одлучува дали пациентите ќе добијат лек

Следно

Талибанците ги стигна најтешката клетва, да работат во канцеларија

Latest from Blog

Квалификации за СП 2026: Англија и Португалија со очекувани победи (ВИДЕО)

Фудбалските репрезентации на Англија и Португалија обезбедија очекувани победи на денешните попладневни квалификациски дуели за СП 2026. Англија ја победи Андора со 2-0 во Бирмингем во четвртиот натпревар од квалификациската група К

Изет Меџити го повика Бујар Османи на јавна дебата за локалните избори во Чаир

2 Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско

Србија набави 11 хуманоидни роботи за помош на децата со попреченост во училиштата

Хуманоидниот робот Воли е веќе докажан асистент во образовната пракса во поразвиените земји. Тој е управуван од наставниците и може да зборува, но исто така го привлекува вниманието со својата невербална комуникација,

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се очекува да бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор што се прави на
Go toTop