Пазарењето во ЕУ почна – главна на тезгата Украина, но и Македонија

October 4, 2025
2 mins read

„Орбан и го сврте грбот на Македонија“ и слични наслови осамнаа по медиумите, откако на Европскиот Совет во Копенхаген, не успеа идејата на претседателот на Советот Антонио Кошта да се смени начинот на одлучување за проширувањето од консенсус со квалификувано мнозинство.

Но, кои се причините за неуспешната реформа на одлучувањето и кои се опциите во иднина за таква реформа на еден политички мастодонт каков што е ЕУ?

По првичната за нас шокантна вест, излегоа вистинските противници на промена во одлучувањето и нивните мотиви.

Причината поради која Унгарија не се согласува со промена е само и само Украина. Орбан повеќе пати има изјавено дека не може земја во војна со Русија да биде ставена на брза лента за ЕУ, наспроти Македонија и другите земји од Западен Балкан да бидат запрени со секакви изговори и вета. Унгарија нема да се согласи се додека не биде сигурна дека и по таквата реформа Македонија, Србија и другите нема повторно да бидат жртви на успорување, па и запирање на нивниот евроинтегративен пат, каква што е состојбата со децении.

Но, какви се мотивите на другите противници на промената, и познати по поставување вето на македонските евроинтеграции?

Првенствено против е Бугарија. Бугарскиот премиер Жељазков вели: ,,промената на гласањето, независно од тоа какво е квалификуваното мнозинство, за чувствителните теми, како проширувањето или повеќегодишната финансиска рамка, создаваат преседан кој не е корисен за довербата во Унијата‘‘. Мотивот е јасен. Единствената алатка со која можат да ја остварат стратешката цел, еден народ во две држави‘‘, дури и при вметнување на Бугарите во македонскиот устав, останува ветото од Софија. Со таква закана досега успешно ги уценува и Албанија, па и Србија, а во иднина и Косово. Бугарија никогаш нема да се согласи со таква промена се до реализирање на нејзината стратешка цел.

Следна против е Грција. Премиерот Мицотакис вели:  „Грција под никакви околности нема да прифати да ја загуби можноста во кое било време да може да го блокира процесот ако смета дека тоа може да биде штетно за европските или националните интереси“. Грчката тактика со ветото, беше успешна со Македонија, со Албанија, се уште успешна во случајот со Турција. А, поддржана од „резервата“ Кипар, го има најсилното оружје за остварување на своите национални интереси.

Против се и нам добро познатата Франција, но и Холандија, Хрватска, па и други земји, сите од свои причини.

Идејата на Кошта, иако добра за Македонија, сепак пред се беше конкретно наменета за Украина. Но, беше прочитана од Орбан, кој и натаму е на ставот дека нема да даде зелено светло за Киев, се додека земјата е во војна.

Оттаму се наметнува прашањето, дали е планот на Кошта навистина мртов?

Ако се знае дека ниту една реформа на Европската Унија не поминала брзо и лесно, Самитот во Копенхаген е само почеток на пазарењето.

Тој пазар на една страна ги има Украина и Молдавија, 2 земји кои не ја контролираат својата територија. Едната во отворена војна, а другата во замрзнат конфликт, во кој е вклучен и Киев. Од друга страна Македонија и земјите од Западен Балкан, заедно ниту половина по бројот на население во споредба со претходните две, кои се со децении заглавени во евроинтеграциите поради вето или уцени од соседите.

Пазарењето ќе биде и тешко и долго, но на крајот секој ќе мора да направи отстапка, која би водела или до промена во одлучувањето или консенсус за прием и на Украина и Молдавија, но и на Македонија другите од Западен Балкан, без натамошни условувања.

Кога зборуваше претседателот на Европскиот Совет за план Б и за некакви гаранции за Македонија, Самитот во Копенхаген е само прво полувреме и почеток на еден процес, кој како што се најавува ќе има разрешница следната година, кога и се очекува војната во Украина да стивне.

ПС

Едно е сигурно во процесот на реформи за одлучувањето во ЕУ ќе има и второ, па и трето полувреме, колку тоа да не им се допаѓа на Бугарите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ѓорѓиевски: Сарај ќе стане симбол на одржлив туризам и развој

Следно

Изет Меџити најави изградба на Младински Центар во Чаир

Latest from Blog

Божиновска: Рударството мора да биде двигател на економијата и чувар на природата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес ги посети и поздрави учесниците на годишното стручно советување ПОДЕКС – ПОВЕКС 2025, што оваа година се одржува во Охрид под мотото

Меџити: Победата во Чаир ќе биде историска, вистинската анкета ќе биде на 19 октомври

Кандидатот на владејачката коалиција ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, даде силен одговор во врска со очекувањата за локалните избори на 19 октомври. Одговарајќи на прашање за анкетите и можниот

Човекот што по 70 години откри дека е Македонец – приказната на Питер Далас

Програмата „Birthright Macedonia“ (Родум од Македонија) која им овозможува на младите од дијаспората да ја откријат својата татковина и да се поврзат со своите корени, има трогателна човечка приказна зад себе –

Тројца загинати во катастрофалните поплави во западна Бгарија

Страшно невреме го погоди бугарското приморје, при што загинаа три лица, а властите прогласија вонредна состојба во општините Несебар и Царево. Во североисточниот дел од земјата и денеска е прогласен жолт аларлм

Изет Меџити најави изградба на Младински Центар во Чаир

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити и кандидатот за општински советник, Аритон Рама, денес го претставија еден од клучните приоритети на изборната програма, изградбата на Младинскиот центар,
Go toTop