ПАТРОН ПРАЗНИК НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“

November 18, 2025
1 min read

Со низа свечени активности денеска беше одбележан патрониот празник на општинското основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица, по повод 151 година од раѓањето на кодификаторот на современиот македонски литературен јазик.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, директорката на училиштето, Татјана Апостоловска Ѓорѓиевска и претставници од наставниот кадар, утринава положија свежо цвеќе пред споменикот на Крсте Петков Мисирков во градскиот парк кај Саат кулата – монумент подигнат во чест на неговиот придонес за македонскиот јазик и култура.

Одбележувањето продолжи во централното училиште во селото Бистрица, како и во сите 13 подрачни училишта во населените места кои гравитираат околу селото Бистрица.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

„Парасоцијално“ – збор на годината, според Речникот на Кембриџ

Следно

Катастрофа во Италија: Има исчезнати лица, граѓаните бараат засолниште на покривите

Latest from Blog

Тоневски: Нови инвестиции за развој на туризмот во Пробиштип

Денес официјално започна проектот за реконструкција на планинарскиот дом на Црн Врв, кој има за цел подобрување на условите за развој на планинарството, велосипедизмот и заштита на природните убавини на овој туристички

Министерството за енергетика го финализираше Планот за реконструкција на јавни згради 2025–2028

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува јасна,

Катастрофа во Италија: Има исчезнати лица, граѓаните бараат засолниште на покривите

Две лица се водат како исчезнати откако лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови го натера северозападниот италијански регион Фриули Венеција Џулија да прогласи вонредна состојба и да побара помош од централната
Go toTop