Партијата Фидез на Орбан го поддржува членството на Финска и Шведска во НАТО

March 2, 2023
1 min read

Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе ја поддржи ратификацијата на влезот на Финска и Шведска во НАТО, соопшти пратеничката група на Фидес во момент кога пратениците ја започнуваат дебатата на оваа тема по повеќемесечниот застој.

Одлуката на Фидес дојде откако претседателот Каталин Новак, отворајќи ја дебатата, побара од пратениците да го ратификуваат влезот на Финска и Шведска во НАТО „што е можно поскоро“.

Само Унгарија и Турција се уште ги немаат ратификувано протоколите за прием на овие две земји во НАТО, повеќе од осум месеци откако лидерите на Алијансата одлучија да ги примат за членки на самитот во Мадрид.

Процесот на ратификација во унгарскиот Парламент се одолговлекува од јули минатата година, а минатиот петок Орбан за првпат јавно кажа што му пречи за приемот на двете нордиски земји во западната воена алијанса.

Орбан потсети дека Финска и Шведска претходно ја критикуваа Унгарија поради владеењето на правото, рече дека некои од неговата партија се прашуваат дали е паметно да се примат земјите кои „шират отворени лаги за Унгарија, за владеењето на правото во Унгарија, за демократијата, за тоа како живее во неа“.

„Како, оди аргументот, може ли некој да сака да биде наш сојузник во воениот систем и бесрамно да шири лаги за Унгарија?“, праша тогаш Орбан.

И додека пратениците на Фидес рекоа дека следната недела ќе се одржат билатерални состаноци во двете нордиски земји за да се разговара за „политичките спорови“, тие јасно ставија до знаење дека ќе застанат зад нивните барања за членство во НАТО.

„Ќе им ја дадеме нашата поддршка на Финска и Шведска за влез во НАТО“, соопшти Фидес, кој заедно со својот помал партнер контролира две третини од местата во Парламентот.

Конечното гласање се очекува во втората половина на март.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицотакис: Се чини дека несреќата во Грција се должи главно на трагична човечка грешка

Следно

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop