Партиите да прикочат, валканата кампања да излезе од автобусот

April 3, 2024
1 min read

Само еден ден откако претседателските кандидати го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори и еден ден пред официјалниот почеток на изборната кампања, денеска веќе почнаа настани обратни од потпишаното. Прво од еден медиум, а потоа и од владеачката партија СДСМ во јавноста се пласира тешко обвинување дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ лажирала и нарачувала анкети коишто потоа биле објавувани на Националната телевизија МТВ. Се покажуваат и некакви документи… На ова веднаш дојде и демант од ВМРО-ДПМНЕ: „На времето правеа бугарски летоци, сега измислуваат документи… можеле да бидат барем малку покреативни во измислувањето“. Опозиционерите најавија тужба за клевета, судски постапки…

Сето ова само негира нечии потписите за фер избори и ги потврдува стравувањата во јавноста дека претстојната кампања некој има намера да ја прави валкана.

Зарем вака ќе добиваат гласови и ќе не уверуваат дека тие се најдобриот избор за во следните 4 години?

На Македонија, на демократијата, на изборниот процес не им се потребни вакви обиди за дискредитација на политичкиот противник. Мора со тоа да се запре.

Јавноста уште се сеќава на неодамнешниот пример кога беше објавена фотографија на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска – Давкова со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за да се оцрни кандидатката дека ете се сретнала со сегашниот негаторот на Македонија, а за која се испостави дека е стара дури пет години и е направена во сосема друг контекст отколку оној што го следеше сегашното објавување на фотографијата. 

Дали тоа е патот по кој ќе се стаса до довербата и гласовите на избирачите? Искуства покажуваат дури и спротивни ефекти. А и јавноста вече праќа сигнали дека сака да слушне програма и што до сега е реализирано од старите програми.   

Партиите да прикочат. Изборниот караван тргнува, но од автобусот да излезе црната кампања. Да не го валкаат изборниот процес – кој нели е празник на демократијата.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Адвокатот на Таравари: Не знам како Судот донел одлука кога денеска немаше рочиште

Следно

За Велигденот што стана Ден на трансродова видливост

Latest from Blog

Барселона го официјализираше хрватскиот голман

Фото: ФК Барселона Х Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата

Вучиќ: Предстои нова ера во односите меѓу Србија и САД, стратешкиот дијалог е пресвртница

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград изрази благодарност до САД за донацијата од 5,1 милиони долари за уништување на заостанатото вооружување и оцени дека предстои време на воспоставување нова ера

Македонија се поврзува со Србија преку нов гасовод: Капацитет до 160.000 кубни метри на час

Македонија и Србија направија нов чекор кон енергетско поврзување со потпишувањето на договорот за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод меѓу двете земји. Договорот го потпишаа директорот на АД „Номагас“, Недим Рама,
Go toTop