Македонија се поврзува со Србија преку нов гасовод: Капацитет до 160.000 кубни метри на час

August 27, 2026
1 min read

Македонија и Србија направија нов чекор кон енергетско поврзување со потпишувањето на договорот за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод меѓу двете земји.

Договорот го потпишаа директорот на АД „Номагас“, Недим Рама, и директорот на „Рапид билд“, Тони Каранфиловски, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

За реализација на проектот е избрана понудата на „Рапид билд“ во вредност од 29,4 милиони евра. Договорот е склучен по принципот „клуч на рака“, според моделот ФИДИЦ, а ги опфаќа урбанистичкото планирање, проектирањето, изградбата и обезбедувањето одобрение за употреба.

Македонскиот дел од гасоводот ќе биде долг 22,4 километри, со дијаметар од 500 милиметри. Трасата ќе започнува кај блок-станицата „Клечовце“, а ќе завршува на границата со Србија, во близина на селото Сопот.

Во рамките на проектот се предвидува изградба на пет придружни објекти – главна интерконекторна мерна станица, редукциска станица, блок-станица и две приемно-отпремни чистачки станици.

Предвидениот технички капацитет на гасоводот е до 160.000 кубни метри гас на час, при што системот ќе овозможува двонасочен проток на гас.

Премиерот Мицкоски оцени дека со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, Македонија добива целосна вертикална енергетска поврзаност.

Според него, поврзувањето со соседните земји и со енергетските коридори е од особено значење за државата, која нема излез на море, бидејќи преку ваквите инфраструктурни проекти се зајакнува нејзината енергетска и геостратешка позиција.

Целосната реализација на проектот е планирана за четвртиот квартал од 2028 година, со што Македонија и Србија ќе добијат нова инфраструктурна врска за снабдување и транзит на природен гас.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нова екипа, нова надеж: ГФК Победа ќе се натпреварува во Третата лига

Следно

Вучиќ: Предстои нова ера во односите меѓу Србија и САД, стратешкиот дијалог е пресвртница

Latest from Blog

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата

Вучиќ: Предстои нова ера во односите меѓу Србија и САД, стратешкиот дијалог е пресвртница

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград изрази благодарност до САД за донацијата од 5,1 милиони долари за уништување на заостанатото вооружување и оцени дека предстои време на воспоставување нова ера

Нова екипа, нова надеж: ГФК Победа ќе се натпреварува во Третата лига

Прилеп добива нов фудбалски клуб – Градскиот фудбалски клуб, односно ГФК Победа, кој од новата сезона ќе се натпреварува во Третата фудбалска лига. Основач на новиот клуб е здружението „Градски фудбалски клуб

Двајца рудари од Булмак 2016 меѓу најдобрите во Македонија: Признанија за Цеков и Ѓоргиевски

Посебна чест за компанијата е што двајца рудари од Булмак се меѓу наградените за најдобри рудари на национално ниво, на свеченоста што се одржа во Хотел Александар Палас во организација на Министерството

Ова го има само во Норвешка: Бодо/Глимт во вторникот играше во плеј-офот во ЛШ, а утредента во националниот Куп!

ФОТО:.facebook.com/Glimt1916/ И дефинитивно ова го има само во Норвешка. Имено во вторникот Бодо/Глимт играше во плеј-офот во ЛШ против НЕЦ Нијменген и успеа да се пласира во елитната европска лига, а веќе
Go toTop