Папата Лав XIV ќе го отвори новиот центар за обука за животна средина на Ватикан во Кастел Гандолфо, јужно од Рим, во петок, како дел од иницијативата насочена кон охрабрување на светските лидери да преземат акција против климатските промени.
Центарот, сместен на 55 хектари од пространиот имот на папската вила од ренесансата во Кастел Гандолфо, вклучува градини, установи за стручно образование и образовни можности за локалните деца и претставува околу 55 проценти од вкупните земјишни поседи на Ватикан, објави Ројтерс.
Свештеникот Мануел Дорантес, кој го води центарот, рече дека Ватикан сака да постави пример за тоа како земјите треба да спроведуваат еколошки иницијативи.
Извор: tv21