Папата Лав Четиринаесетти во посета на Турција и Либан

November 26, 2025
1 min read

Поглаварот на Римокатоличката црква утре ќе ја посети Турција, каде ќе бидат одбележани 1700 години од првиот екуменски собир во Никеја и ќе има заедничка молитва во вселенскиот патријарх Вартоломеј во Изник, а предвидено е и потпишување на заедничка декларација.

Посетата на Турција има и дипломатско значење во зајакнувањето на односите меѓу католичката и православната црква.

Папата Лав во Либан ќе им пружи поддршка на локалната христијанска заедница и на сите Либанци погодени од експлозијата во пристаништето Бејрут во 2020 година. За време на посетата, планирана е молитва на местото на експлозијата и средби со млади луѓе.

Папата Лав, како што е најавено, во Турција говорот ќе го одржи на англиски јазик, а во Либан на англиски и француски јазик.

Тој нема да го посети јужен Либан, каде дејствува Хезболах, поради безбедносни причини.

Патувањето ќе трае од 27 ноември до 2 декември, а ќе вклучува и дипломатски средби со локалните и регионалните лидери.

Се очекува папата да одржи прес-конференција во авионот по враќањето во Рим на 2 декември. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

СЛОВЕНИЈА ИЗГЛАСА олеснување за македонските граѓани: ПРИЗНАЕНИ ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ без практичен испит

Latest from Blog

СЛОВЕНИЈА ИЗГЛАСА олеснување за македонските граѓани: ПРИЗНАЕНИ ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ без практичен испит

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов

ФОТО. Се чисти кејот на Вардар

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. – Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција,
Go toTop