Папата Франциск сака да се расветли мистеријата на девојката од Ватикан која исчезна пред 40 години

April 12, 2023
1 min read

Исчезнувањето на ватиканската ученичка Емануела Орланди пред 40 години, што е една од најдолгогодишните мистерии во Италија, влезе во ново поглавје.

Братот на исчезнатата ученичка се сретна со ватикански истражител овластен од папата Франциск да се обиде да го расветли случајот.

Станува збор за 15-годишната ќерка на службеник на Ватикан, која не се вратила дома на 22 јуни 1983 година по час по музика во Рим.

Главниот обвинител на Ватикан, Алесандро Диди, повторно ја отвори претходно неубедливата истрага на Ватикан во јануари, откако го наследи досието од неговиот пензиониран претходник. Постариот брат на Емануела, Пјетро и семејната адвокатка Лаура Сгро се сретнаа со Диди во Ватикан вчера попладне.

Диди рече дека папата Франциск сака „вистината да излезе на виделина без никакви резерви“ и дека римокатоличкиот лидер има „железна волја“ во однос на случајот.

Различни теории за исчезнувањето на Орландија кружат со децении. Така, во осумдесетите години на минатиот век, италијанските медиуми пишуваа дека таа била киднапирана во обид да му обезбеди слобода на Мехмет Али Агжа, Турчин затворен во 1981 година за обидот за атентат врз папата Јован Павле Втори, а таквите шпекулации беа отфрлени.

Полицијата, пак, никогаш не ја отфрли можноста Емануела Орланди да била киднапирана и можеби убиена од причини кои не се поврзани со Ватикан или дека била жртва на трговија со луѓе.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Објавени полициски снимки од вооружениот напад во банка во Луисвил, Кентаки

Следно

Четвртфинале на Лигата на шампиони: Манчестер Сити и Интер извојуваа победи во првите натпревари

Latest from Blog

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop