Палестинците извршија терористички напад во Тел Авив, загина италијански турист

April 8, 2023
1 min read

Еден италијански турист загина, а седум други се ранети во напад со автомобил во близина на плажа во Тел Авив во петокот (7-ми април), соопштија израелските власти.

Италијанскиот министер за надворешни работи изјави дека убиениот бил италијански државјанин, Алесандро Парини.

Снимката од местото на настанот покажува превртен автомобил во близина на шеталиштето и израелски полицаец кој отвора оган.

Израелското Министерство за надворешни работи посочи дека се работи за терористички напад, иако се уште не е јасно што се случило, пренесе агенцијата АП.

Израелската полиција соопшти дека автомобилот удрил во група луѓе во близина на популарниот приморски парк пред да се преврти.

Локалната полиција соопшти дека полицајците го убиле осомничениот напаѓач.

Нападот се случи откако претходно во петокот две сестри беа убиени, а нивната мајка беше ранета во престрелка на окупираниот Западен Брег.

Полицијата во Тел Авив соопшти дека во 21:25 часот по локално време (18:25 часот по средноевропско време), 45-годишен маж возел автомобил Киа покрај градската плажа, удирајќи во неколку пешаци пред да се преврти на тревникот на Чарлс Клор.

Израелските служби за итни случаи соопштија дека освен наводниот сторител, во нападот имало вкупно осум жртви и дека сите се туристи.

Од ранетите тројца се здобиле со тешки телесни повреди, но не се опасни по живот, а четворица се само полесно повредени, се вели во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД: Смртноста на децата предизвикана од огнено оружје се зголеми за речиси 50 % во последните 2 години

Следно

Ако претседателските и парламентарните избори в година се редовни, не може да се одржат заедно

Latest from Blog

Тинејџер избоден со нож на божиќен базар во Германија

Во Херфорд , во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија , 16-годишно момче е тешко повредено во напад со нож . Како што потврди портпаролот на полицијата, инцидентот се случил во споредна улица, во близина на божиќниот пазар , пишува „Шпигел“. Според првичните информации,

Спасовски три месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90 000 евра, ЈО да реагира

Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари или околу 90 000 евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Сидни Свини како од мајка родена

Актерката Сидни Свини моментално ужива голема популарност. Нејзиниот физички изглед често е предмет на внимание од јавноста, особено нејзините бујни гради кои секогаш го привлекуваат вниманието на мажите. Во инат на хејтерите
Go toTop