Остатоците беа пронајдени по 12-часовно пребарување, пишува Би-Би-Си.
Пребарување и пронаоѓање на остатоците
Пакистанската аеродромска управа вели дека се во тек напори за лоцирање на екипажот на приватниот товарен авион К2 Ервејс. Тој летал од Карачи, град во јужен Пакистан, до Шарџа во Обединетите Арапски Емирати.
Според соопштението за медиумите, во вторник во 21:21 часот по локално време, авионот одеднаш ја изгубил висината и контактот со контролата на воздушниот сообраќај, а неколку минути пред тоа екипажот пријавил проблем со системот за навигација.
Последната голема несреќа во Пакистан
Воздухопловните и поморските сили учествуваа во пребарувањето, а остатоците беа лоцирани 53 наутички милји јужно од Ормара, пристанишен град на брегот на Арапското Море. Ормара е 360 километри западно од Карачи, градот од кој полетал авионот.
Последната голема авионска несреќа во Пакистан се случи во 2020 година, кога се урна домашен патнички авион. Во таа несреќа, авион на „Пакистан интернешнл ерлајнс“ се урна при приближување кон аеродромот во Карачи. Од 99 патници и членови на екипажот, само двајца преживеаја.
Извор: vecer.mk

