ОВОЈ ЧЕТВРТОК Е ДЕН ЗА БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО СИТЕ МУЗЕИ И АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТИ ВО ЗЕМЈАВА

1 min read

В четврток (18 април) ќе биде бесплатен влезот во сите музеи и археолошки локалитети во земјава, во чест на Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети. Од Министерството за култура велат дека државните институции од областа на заштита на културното наследство ќе бидат отворени во текот на целиот ден.

Отворени ќе бидат вратите на националните установи: заводи и музеи во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и во Струмица; Стоби и Хераклеја; Спомен-куќа на Тоше Проески; Археолошки музеј; Националната галерија на Македонија со сите свои објекти; Музеј на современата уметност; Музеј на македонската борба; Историски музеј во Крушево; Музеј на албанската азбука; Уметничка галерија во Тетово; „Д-р Никола Незлобински“ во Струга; Музеј на Западна Македонија во НОВ – Кичево; Музеј на тетовскиот крај; Природонаучен музеј; Музеј на Северна Македонија; музеите во Куманово и во Гевгелија.

Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) во 1982 го прогласи 18 април за Светски ден на културното наследство, а ИКОМОС секоја година препорачува тема за прославата и активностите на тој ден организирани од страна на националните и меѓународните научни комитети.

„Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигнување на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, за заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата“, велат од Министерството.

ИЗВОР: sdk.mk

Претходно

Симеонов: Специјализациите треба да бидат според потребите на здравствените институции

Следно

Роналдо го доби Јувентус на суд – треба да му платат 19,5 милиони евра

Latest from Blog